1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пакистанската влада стравува од немири

*

Пакистанската влада стравува од можни немири во земјата по дводневната армиска офанзива во Црвената џамија. Радикалните групи веќе се заканија со одмазднички акции, а вчера и вториот човек на Ал Каида, Ајман Ал Завахири ги повика Пакистанците да се приклучат во светата војна во знак на освета за воената акција во џамијата. За сега уште не се знае точниот број на жртви кои настрадаа во акцијата, но се проценува дека има над 150. Радикалните екстремисти кои речиси една недела беа затворени во џамијата бараа во земјата да се воведе шеријатското право.