1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистанската армија - држава во држава

Ако некој долгорочно го има зборот во Пакистан, тогаш тоа е армијата. Милион и 400 илјади под униформа кои голтаат 20 проценти од државниот буџет. За многумина Пакистанци армијата е држава во држава.

default

Пакистанската армија е непредвидлив фактор

Експлозии и борби во центарот на пакистанскиот главен град Исламабад. Тоа се случи во летото минатата година кога Исламистите ја окупираа Црвената џамија:

„Ние сме против овој режим. Нашата борба против владата ќе продолжи„.

Ова го најави лидерот Абдул Рашид Гази во телефонско интервју. Малку подоцна Гази беше мртов, исто како и многумина во џамијата. Претседателот Мушараф ги испрати своите трупи:

„Борбата против тероризмот не завршува со оваа воена операција. Ние сме решени да ги уништиме терористите каде и да постојат, во секој агол на државата„.

Во меѓувреме има многу агли во кои зборот го водат терористите и до неодамна, вели пакистанскиот воен експерт Хасан Аскари Ризви, тоа беше во ред:

„Имаше луѓе во владата и армијата што имаа симпатии за тие милитантни групи. Владата не сакаше да ги исклучи тие сили. Мислеше дека би можела да има корист од нив. Но, откако тие ја предизвикаа владата, политиката се смени„.

Веројатно церемонијата беше предоцна. Зашто кога Мушараф ја симна униформата, веќе никој не му веруваше: воведе вондредна состојба за да се бори против терористите, а всушност апсеше и противници на режимот: судии, адвокати и опозиционери:

„Луѓето веќе не го сакаат Мушараф како личност, без оглед со или без униформа„, вели Шефкет Махмуд. Порано беше политичар, сега води цивилно-воен дијалог и носи генерали и цивили на една маса. Тој точно знае дека не му се верува на Мушараф:

„Бидејќи армијата му помагаше на Мушараф осум години, и таа ја загуби поддршката„.

Се вели дека генералите воопшто не се задоволни поради тоа. Затоа Хасан Аскари Ризви смета дека армијата сега ќе се повлече од политиката, барем засега:

„Ако армијата дојде до заклучок дека ситуацијата излегува од контрола, ако бидат загрозени нејзините интереси, тогаш можат да го советуваат Мушараф или да го реши проблемот, или да поднесе оставка„.

Армијата може да поддржува влади или да ги соборува, зашто има и економски интереси. Многумина Пакистанци ја нарекуваат „Воена корпорација„ зашто веројатно е најголемата фирма во земјата.