1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пакетот за помош на Португалија е готов

Португалската влада, Европската Комисија и ММФ во Лисабон се договорија за пакетот за финансиска помош за високо задолжената Португалија. Тој ќе опфаќа околу 78 милијарди евра и временски период од три години.

default

Премиерот на Португалија во заминување, Жозе Сократеш и министерот за финансии Фернандо Тешеира вчеравечер (03.05) се појавија пред телевизиските камери со првите детали. Тоа што Сократеш требаше да и‘ го објави на неговата земја не беше убаво, но затоа важно. Владата постигна добар договор. Оваа спогодба, според Сократеш, е за одбрана на Португалија, нагласи премиерот во заминување.

Португалија помина полесно од Грција и Ирска

Најсиромашната земја во западна Европа изгледа дека од повеќенеделните преговори со Европската Комисија и ММФ, како и Европската Централна Банка, излезе релативно лесно. Условите за Португалија, имено, се поблаги во однос на тие за Грција и Ирска, не без гордост изјави Сократеш. Така, неговата земја доби повеќе време за намалување на дефицитот, отколку што најнапред се планираше:

„Ова е програма за три години. Таа одредува цели за постепено намалување на дефицитот. 5,9 проценти од брутодомашниот производ во оваа година, 4,5 насто во наредната и три проценти во 2013“, изјави Сократеш.

Жозе Сократеш

Жозе Сократеш

Барањата на ЕУ очигледно се ориентирани во најголем дел кон четвртата програма за штедење во Португалија, која на крајот од март ја предложи Сократеш, но не успеа да помине во португалскиот парламент поради силниот отпор на опозицијата. Поради тоа, тој поднесе оставка од премиерската функција:

„За 2011 година веќе нема да бидат потребни натамошни мерки за санација на буџетот. Сегашните мерки, предвидени во буџетот, се доволни заедно со оние кои беа најавени во четвртата програма за штедење“, истакна Сократеш.

Најнапред добрите вести

Меѓу нив се наоѓаат и намалувањето на даночните олеснувања и кратењето на пензиските примања, покрај тоа заштеди во државната здравствена служба и во образовниот систем. Меѓутоа, нема да има програми за штедење во јавниот сектор, ниту пак зголемување на даноците. За натамошните детали Сократеш во излагањето беше прилично нејасен, така што експертите стравуваат дека тој најнапред сакал да ги соопшти само добрите вести. Сократеш одбегна да го спомене точниот износ на пакетот финансиска помош за неговата земја.

Лисабон: Условите за Португалија е поблаги во однос на тие за Грција и Ирска

Лисабон: Условите за Португалија се поблаги во однос на тие за Грција и Ирска

За Сократеш договорот со ЕК и ММФ би можел да значи важен поттик во пресрет на парламентарните избори, на почетокот на јуни. Во анкетите, неговата Социјалистичка партија постојано бележеше загуби. Сега, конечно, тој би можел себеси да се претставува како спасител на нацијата . Тој сака со конзервативната опозиција да зборува за пакетот за помош до последниот детал. Неговиот презир кон опозицијата Сократеш јасно го искажа. Земјата очекува овојпат да надвладее чувството за одговорност, рече португалскиот премиер на заминување. Министрите за финансии од земјите членки на ЕУ на 16 мај ќе се изјаснат за планот за помош за Португалија.

Автор: Николас Бушлитер/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска