1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пазарот на работна сила во Германија останува затворен

Владата во Берлин пред неколку дена донесе одлука – германскиот пазар на работна сила останува затворен до 2009 година.

Пазарот на работна сила се развива со брзина на полжав

Пазарот на работна сила се развива со брзина на полжав

Источна Германија, во периодот од 1993 до 2001 година загубила десетпати повеќе работни места отколку Западна Германија – гласи веста од почетокот на неделава. Институтот за истражување на вработувањето и состојбата на пазарот на работна сила соопшти дека во источните покраини, годишно се гаснеле 2,5% работни места, додека во западните покраини тој процент бил 0,2%. Стравот за работното место, според сите анализи, расте кај секој вработен во Германија. Целиот процес на проширување на унијата е проследен со дебата на тема – дали да се отвори пазарот на работна сила за работниците од новите земји членки од Источна Европа или не. Германија и Австрија,на пример, се решија своите пазари на работна сила да ги остават затворени за новите членки во период од седум години, со тоа што секои две до три години треба да се преиспитува – дали да се постапи поинаку.

Владата во Берлин пред неколку дена направи вакво едно преиспитување и донесе одлука – германскиот пазар на работна сила останува затворен до 2009 година.

Со затворањето на пазарот на труд и во наредните три години, за работници од земји како Полска, Унгарија или Словачка, германската влада има намера да го заштити германскиот пазар на работна сила. Исклучок од новите земји членки на унијата се само Малта и Кипар. Министерот за труд, Франц Минтеферинг, смета дека пристапот до германскиот пазар мора да остане контролиран.

Комисијата на ЕУ, наспроти тоа, пледира за отвореност и ги моли старите земји на ЕУ да ги отворат портите за работници од новите членки. Еврокомесарот за индустрија, Гинтер Ферхојген, неодамна ги потсети своите сонародници дека тие можеби можат да го подзапрат слбоодниот проток на работна сила, но не можат да го спречат или променат:

“Во 2011 година и онака стапува во сила правилото за слободен проток на работна сила во Европа. Тогаш истекуваат ис егашните преодни одредби, кои се направениз а Германија во договорите за проширување.“

Брзо отворање на германскиот пазар на работна сила бара и Германската индустриска и трговска комора. Доколку тоа не се случи, ќе биде пропуштена шансата што ја нудат пазарите во Источна Европа, вели претседателот на комората, Лудвиг Георг Браун: “Тоа значи дека и Германците нема да имаат шанса да се вклучат во услужните дејности во Полска, Чешка или Словачка. А, има голем број услужни дејности кои во тие земји се барани. Значи се спречуваме меѓусебно.“

Во Брисел се тврди дека земји како Велика Британија, Ирска и Шведска, кои веќе ги отворија сосема своите пазари на труд за ниско платените работници, бележат повисок пораст и зголемување на вработувањето. Според една студија на ЕУ, кој се затвора како Германија, има повеќе проблеми со работна на црно.