1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пазарите разочарани од мерките на Драги

Вредноста на еврото и на државните обврзници на задолжените земји од еврозоната паѓа поради разочараноста на аналитичарите од мерките кои ги предложи шефот на ЕЦБ.

Вредноста на еврото во однос на доларот падна на вчерашното тргување на светските берзи, откако аналитичарите и економистите изразија разочараност од мерките за излез од должничката криза во еврозоната кои ги најави шефот на Европската централна банка, Марио Драги. Забележан е пад и на вредноста на акциите во Европа и во САД, како и намален интерес на инвеститорите за државни обврзници на Шпанија и Италија.

Драги вчера најави дека Централната банка е подготвена да интервенира на пазарот за да ги намали каматните стапки за државите должници, но рече дека било каква интервенција е исклучена пред почетокот на септември.

„ЕЦБ може да започне директни пазарни операции во обем кој одговара за постигнување на целите“, изјави Драги.

ЕЦБ вчера ја задржа основната каматна стапка на рекордно ниските 0,75 отсто и се обиде да најде други начини за борба против кризата во еврозоната, во време кога истото се обидуваат да го направат и лидерите на Италија и Шпанија.