1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пад на холандската влада

Холандската влада поднесе оставка по кризната седница и по неуспехот на преговорите за државниот буџет и новите мерки на штедење.

ARCHIV - Leader of the Dutch Christian party CDA Maxime Verhagen (L), leader of the Dutch liberal party VVD Mark Rutte (C) and leader of the Dutch right-wing party PVV Geert Wilders (R) present the new coalition government to the press in The Hague, The Netherlands on 30 September 2010. The parties ended their talks about a new minority government of liberals and christian democrats, supported by the far right PVV. Photo: EPA/VALERIE KUYPERS (zu dpa Jahreschronik - Die wichtigsten Ereignisse des Jahres 2010) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Jahresrückblick 2010 International September Niederlande Regierung

Холандскиот премиер Марк Руте денеска на кралицата Беатрикс и‘ понуди оставка на неговиот кабинет. Претходно Руте одржа кризна седница на кабинетот, на која била образложена одлуката. Владата нема мнозинство во парламентот, бидејќи поради кратењата на буџетот предизвикани од кризата со еврото ја нема повеќе поддршката од деснопопулистичката партија на Герд Вилдерс.

Министерот за социјала Ханк Камп по седницата на владата најави детали во текот на денов.

Очигледно треба да се очекуваат скори избори.

„Нашата главна задача е одржување стабилни финансии до одржување на новите избори“, изјави министерот за стопанство Максиме Верхаген преку Твитер.

Холандија споредбено има мали државни долгови, но економијата се наоѓа во рецесија. За 2012-та година се предвидува дефицит од 4,6 проценти, што е повеќе над дозволените три проценти во рамките на ЕУ.

Опозицијата најави постигнување договор за буџетот со премиерот Руте за 2013-та година, но под услов да поднесе оставка.

Руте со Вилдерс преговараше за пакет кој предвидува драстично кратење на финансиската помош за странство и побрзо подигнување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години. Вилдерс изјави дека „пензионерите не смеат да страдаат поради диктатот од Брисел“.