1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пад на ИФО-индексот

Атмосферата во германската економија не е толку оптимистичка, како што досега се сметаше. ИФО индексот на бизнис климата, кој е важен конјуктурен урнек на германската економија, во февруари забележа изненадувачки пад. Првпат по десет месеци.

Надежта за подобар бизнис во германската економија исчезнува. Важниот индикатор се качуваше цела една година. Сега се случува неговиот прв пад.Основна причина за лошите очекувања се силното евро ис травот од застој во реформите во земјата. За конјуктурните експерти, сепак, тоа не е причина за загриженост. Гернот Ерб од ИФО- институтот, вели:

"Мора да констатираме дека очекувањата сепак беа многу високи. Сега се малку намалени. Такво нешто имавме и порано, во поранешните конјуктурни полети. Самата бизнис ситуација е стабилизирана. Би рекол дека е ова мал застој. Но, мора се разбира да видиме што ќе донесат идните месеци."

Постојано силно евро, според економистите, би можело како последица да има натамошни проблеми воконјуктурата. Сепак, повеќето експерти, исто како и германската влада, сметаат дека оваа година ќе биде забележан економски пораст до 2%.