1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пад на берзите поради должничката криза на Грција

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor´s“ го намали кредитниот рејтинг на Грција на категоријата „џанк“ или „безвреден“. Ова го зголеми притисокот врз берзите и врз колебливата германска влада.

default

Со оглед на експлодирачките трошоци за нејзините државни долгови, Грција соопшти дека повеќе не може да позајмува пари од финансиските пазари. Пристапот до пазарите е невозможен, изјави грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину. Претходно рејтинг агенцијата „Standard & Poor´s“ го спушти рејтингот на грчките државни обврзници на статусот безвредни или „џанк“. „Standard & Poor´s“ објасни дека го намалува рејтингот бидејќи политичките опции за владата во Атина оптоварена со финансиски проблеми се стеснуваат поради слабите изгледи за економски раст.

Оценката за Грција е намалена за три скалила на ББ+, што е највисок рејтинг во категоријата безвредно, а изгледите се оценети како негативни.

Како реакција на ова курсевите на акциите на меѓународните финансиски пазари забележаа значителен пад. Вредноста на германскиот индекс ДАКС се намалу за 2,7 проценти, а и на американската берза трговците со хартии од вредност претрпеа значителни загуби.

Одлука за помошта на Грција на 10 мај?

Hände mit Euromünzen - Symbolbild Inflation

Во меѓувреме претседателот на Европската унија Херман ван Ромпој изјави дека планира да свика самит на лидерите на земјите- членки на еврозоната околу 10 мај, на кој најверојтано ќе биде донесена одлука за активирање на пакетот финансиска помош за спас на грчката економија. Ван Ромпој кој престојува во посета на Јапонија денеска изјави дека преговорите за пакетот се во тек. Тој на прес-конференција истакна дека досега не станало збор за преструктуирање на високиот долг на Грција.

Атина во петокот официјално ги замоли државите од еврозоната да го активираат договорениот механизам за помош преку кој Грција треба да добие заем од 30 милијарди евра со поволни каматни стапки. Германија во оваа сума треба да учествува со околу 8, 4 милијарди.

Повеќе кризни состаноци во Берлин

Со оглед на падот на кредитниот рејтинг на Грција се зголемува и притисокот врз досега колебливата германската влада што побргу да донесе одлука за испорачување на помошта. Денеска на средба под раководство на канцеларката Ангела Меркел треба да бидат договорени натамошните постапки на Германија. На состанокот меѓу другите ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле, министерот за финансии Волфганг Шојбле, како и други министри. Покрај тоа во Берлин на разговори со Меркел и Шојбле пристигнуваат и шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан и претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише.

Автор: СН/ БГ/ дв/ ртре

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема