1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Падот на големата руска надеж

Суперџет 100 на производителот Сухој е прв модел на руски патнички авион по распадот на Советскиот Сојуз. Со катастрофата во Индозезија се доведени под прашање големите планови и имиџот на Сухој.

Падот на рускиот патнички авион Суперџет 100 за време на промотивен лет во Индонезија е тежок удар за маркетиншките активности на производителот Сухој, оценува Патрик Хефелер од германското специјализирано списание „Флуг Реви“. Навистина, причините за падот уште не се разјаснети, но „секогаш е крајно штетно кога авионот ќе се урне за време на демонстрационен лет, се’ едно од кој причини“, смета и Јерг Хандверг, пилот-капитен и портпарол на здружението на германските пилоти „Кокпит“.

Големи планови со „Суперџетот 100“

Суперџет 100 е прв поголем патнички авион на руското државно претпријатие Сухој, досега познато првенствено по борбените авиони што ги произведува. Авионот за летови кратки и средни релации е креиран во соработка со американскиот производител Боинг и со италијанската фирма Финмеканика. Наменет е главно за странски пазари и треба да им конкурира на моделите на авиони од бразилскиот производител Ембраер и од канадскиот Бомбардие. Првиот лет Суперџет 100 го имаше во 2008 година. Планирано е производство на илјада авиони.

Засега катастрофата во Индонезија нема никакво значење за неговата продажба во иднина, смета Ахм Фиген, заменик-главен уредник на специјализираното списание „АЕРО интернешенел“. „Прво мора точно да се знае што беше причина за падот“, вели тој и укажува дека и други авиони се урнале за време на промотивни летови без тоа да влијае врз нивниот успех,

Flugzeug Jet Sukhoi Superjet 100 Russland

Сухој Суперџет 100

наведувајќи го како пример Ербасот А320.

Аерофлот незадоволен од новиот авион

Сухој уште нема некој голем, во меѓународни рамки етаблиран купец. „Руските продукти имаа по некој недостаток, а овој беше голема надеж на руската воздухпловна индустрија во цивилната област“, коментира Патрик Хевелер. Суперџетот допрва треба да се докаже во редовната експлоатација.

Во руската воздухопловна компанија Аерофлот и во ерменската Армавиа веќе се во сообраќај повеќе авиони Суперџер 100. Според извештаите во рускиот печат, Аерофлот изгледа не е сосем задоволен од авионот. Компанијата се жали дека често пати не може да ги користи тие авиони поради технички проблеми, а и испораката на резервни делови доцни. Поради тоа Аерофлот дури бара и надомест на штетата.

Западна техника, источни цени

Независно од таквите извештаи, Ахим Фиген во технички поглед го смета Суперџетот 100 за многу сигурен и конкурентен, покрај другото и затоа што Русите многу се потпреа и врз западни партнери. „Во него има вградено многу техника од Западот, токму во критичните области како електроника и турбини, во кои руската воздухопловна индустрија не е на ниво на најновиот развој на техниката“, нагласува Фиген. Тој смета дека Сухој го избрал вистинскиот пат и

Indonesien Flugzeug Absturz

Местото на падот на рускиот авион

конструирал модерен авион, целосно напуштајќи ја техниката што претходно беше вградувана.

Поради тоа Фиген верува дека Суперџетот 100 ќе постигне успех: „Ако некој може да успее, тогаш е тоа пред се’ Сухој, оти тие уште во поранешните времиња за борбените авиони имаа купци надвор од Русија. Но, Суперџетот 100 ќе најде купци побргу во финансиски помалку моќните земји во развој или во земји во подем: „Тој, меѓу другото, се продава и со поволната цена - нешто преку 30 милиони долари за еден авион. Ербасот А319 чини 67 милиони“, вели Фиген.