1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Падобранка на 83 години

Некои работи едноставно не се за постари луѓе. Или барем така се смета? Ида Шнајдер од германскиот град Гера не се согласува. Никогаш не е доцна, си помисли таа, кога пред 17 години започна со падобрански скокови.

До денес, на 83-годишна возраст, направи преку 100 скокови со падобран - навистина не сама, туку во тандем. Ида Шнајдер за прв пат скокна со падобран од авион во 1995 година, на 66 годишна возраст. Но, многу подолго време пред тоа сонуваше да лета.

„Отсекогаш, уште кога бев млада, кога ќе видев авион на небото, најголема желба ми беше еднаш во животот да можам таму горе да летам“, вели Ида Шнајдер.

Во меѓувреме таа веќе 102 пати скокна од авион, а еднаш дури и од балон. Поради необичното хоби, пријателите од милост ја нарекоа луда кокошка. Таа скока во тандем, што значи дека не скока сама, туку е врзана за друг падобранец. Сега се подготвува за нејзиниот 104 скок.

„Во слободен пад ќе ти ги извлечам рацете. Така, под агол од 90 степени. Тогаш тоа е твојот слободен пад. Уживај го, оти ти е роденденски - и треба да биде нешто посебно“, и’ објаснува иснтрукторот Франк Хирш.

Tandem Sprung Symbolbild mentoring

Ида Шнајдер нема страв. Таа веќе има скокано од авион и во Австрија и Куба. Овој пат скока во Риденхајм, во југозападна Германија.

„Ида е посебна. Во принцип, таа може мене да ми ги каже сите упатства. Ова е чиста формалност“, вели Хирш.

Следува искачување на 3.800 метри. Неколку минути подоцна завршува 104-от скок на 83-годишната Ида Шнајдер.

„Ех, колку е прекрасно“, одушевена е Ида.

„Јас не морав речиси ништо да направам“, вели Хирш.

Тоа сигурно нема да биде последен скок на Ида.