1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Падна романската влада

Владата на конзервативецот Унгуреану падна по само два месеци. Можни се предвремени избори на кои фаворит е опозициската левица

Конзервативната влада во Романија ја загуби довербата на парламентот, само два месеци по доаѓањето на власт на премиерот Михаи Разван Унгуреану. Изненадувачкиот резултат од денешното гласање е резултат на незадоволството од новите мерки за штедење кои ги туркаше владата.

Против владата гласаа 235 пратеници во парламентот, четворица повеќе од потребното мнозинство од 231 глас. Унгуреану неодамна предложи план за кратење на платите и зголемување на даноците со цел да поттикне стабилизација на втората најсиромашна економија во ЕУ.

Шефот на државата Трајан Басеску сега треба да предложи нов мандатар на местото на неговиот близок соработник Унгуреану.

Парламентарните избори во земјата се закажни за ноември годинава, но со новиот развој на настаните во земјата, тие би можеле да се одржат и порано. Фаворит според анкетите е левичарската коалиција Социјално Либерална Унија.