1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Падна рекорд на Еуримилионс - добитникот побогат од принцот Чарлс

Британец, сопственик на лото ливче, стана добитник на рекордни 190 милиони евра од лотаријата Еуромилионс. Идентитетот на добитникот не е познат.

„Имаме многу шампањ во мраз и очекуваме да го примиме сопственикот на среќното ливче во националниот клуб на лото милионери“, изјави портпаролот на британската национална лотарија.

38 Millionen Euro in bar Lotto Jackpot 2007

Со премијата од Еуромилионс тој може да си дозволи незамисливи работи, како 4,5 тони злато, 700 автомобили Ферари или Еирбас

Мистериозниот добитник ја имал едната шанса во 116.531.800 да се добијат среќните бројчиња. За него тие беа: 50, 21, 17, 48 и 11, а бројките за „среќна ѕвезда“ беа 9 и 10. Извлекувањето на среќниот добитник се одржа во петокот вечерта. За да се стане милионер преку оваа лотарија треба да се погодат седум броја - пет броеви и две „ѕвезди“. Еден лото тикет чини две евра, добитниците се извлекуваат двапати неделно, а во лотаријата учествуваат околу 200 милиони луѓе.

Со својата награда добитникот може да си дозволи да купи 4,5 тони злато, 700 врвни спортски автомобили од Ферари Ф12 Берлинета или, пак, свој сопствен Ербас А350-800.

30 Millionen Euro im Lotto-Jackpot

Британецот плати лото ливче од две евра, а доби рекордни 190 милиони евра

Победникот ќе ги надмине на листата на британските милионери принцовите Чарлс и Хари, како и познатиот актер Даниел Редклиф, кој ја толкуваше улогата на младиот волшебник во филмскиот серијал за Хари Потер.

Лотаријата Еуромилионс е стартувана во 2004-та година и до сега се игра во девет држави низ Западна Европа: Австрија, Белгија, Велика Британија, Франција, Ирска, Луксембург, Португалија, Шпанија и Швајцарија. Добивките од играта се оданочуваат само во Швајцарија. Пет од топ десетте џек-поти во историјата на Еуромилионс се британски.