1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Падна последното упориште на Исламистите во Сомалија

По повеќедневни борби, владините трупи на Сомалија вчера го освоија и последното употриште на исламиситите во земјата, градот Кисмајо на југот на Сомалија. Околу три илјади милиционери побегнаа во правец на границата со Кенија.

Бегство на Исламистите од Кисмајо

Бегство на Исламистите од Кисмајо

Трупите на милициите во Сомлија, вчера ги повледкоа и своите последни борци. Тие го напуштија пристанишниот град Кисмајо на југот на земјата. Претходно северно од Кисмајо дојде до жестоки борби со трупите на Етиопија, при што исламиситите претрпеа големи штети.

Сомалискиот премиер Али Мохамед Геди вчера потврди дека Кисмајо е под контрола на неговата влада и најави „Владините трупи заедно со војската на Етиопија ќе ги гонат меѓународно добро познатите терористи до последна минута “ рече Геди.

Околу 3.000 милиции и нивните водачи во моментов се во бегство, некои ја соблекоа униформата и се измешаа со цивилното население, а некои се обидоа да пребегаат во Кенија, која ги затвори своите граници. Кенискиот претседател Кибаки од своја страна ги повика сите источно африкански државници на неодложна средба да се разговара за ситуацијата во Сомалиија.

Водачите на милиициите од своја страна неколкупати најавија дека ќе продолжат со герилска војна, а ја одбија пронудата за преговори. Се додека трупите на Етиоппија се во Сомалија милицииите не сакаат да преговараат. Поради борбите во последните две недели околу 30.000 луѓе ги напуштија своите домови.

Во Сомалија веќе 15 години владее анархија. Во јуни минатата година исламиситите ги протераат лордовите на војната од Могадишу, по што воведоа шаријатско право и застрашувачи казни како ампутација или каменување. Сега владините трупи ја повратија власта во главниот град и воведоа вонредна состојба. Африканската унија понуди да испрати мировни трупи во Сомалија.