1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Паднаа пресуди за членовите на Франкфурт мафијата

Двајца членови на Франкфурт мафијата се осудени од Основниот суд Скопје 1 на по 13 години затвор за продажба на хероин во Виена и Франкфурт. Други двајца се осудени на по десет, односно пет години затвор.

default

По 13 години затвор добија Спасе Димовски - Ајдукот и Зоран Манасков – Скршениот, членови на Франкфуртската мафија, обвинети во случајот „Диригент“.

На изрекувањето на пресудите денеска (12.06.) во Основниот суд Скопје 1, Томе Димовски - Томче доби 10 годишна затворска казна, додека пет години Дејанче Андушов-Слон. Останатите 25 од вкупно 29-те обвинети добија пониски казни.

Најголем дел од обвинетите е од Скопје и Велес, а беа обвинети за продажба на хероин во Виена и Франкфурт. Групата беше разбиена кон крајот 2010-та година, во соработка меѓу македонската и австриската полиција.