Павлопулос исцрта нови „црвени линии“ во спорот за името | Македонија | DW | 05.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Павлопулос исцрта нови „црвени линии“ во спорот за името

Грчкиот претседател излезе со ново толкување на црвените линии во неговата земја околу преговорите во спорот за името и дефинираше што се подразбира под „иредентизам“ од македонска страна во Атина.

Грчкиот претседател Прокопис Павлополус вели дека предуслов за договор во спорот за името се промена на Уставот во Република Македонија и име без иредентизам. Од новото име на Република Македонија Павлопулос очекува три гаранции: дека нема да имплицира промена на границите, дека нема да имплицира постоење на етнички заедници вон границите на матичната земја, и во иста насока, и промена на името на јазикот.

„Кога велиме иредентизам мислиме на три работи: не може во никој случај ова име да подразбира промена на границите. Второ, не може ова име да упатува на етничка припадност вон границите на ПЈРМ. И трето, не може ова име да упатува на јазик надвор од границите, што би предизвикало малцински права и во оваа област“, изјави Павлопулос.

Грчкиот претседател го критикува и ставот на македонскиот премиер Зоран Заев, кој инсистира договорот со Грција да се заокружи преку меѓународен договор, а не со промена на Уставот.
„Премиерот на оваа земја не разбира каква опасност предизвикува самиот кога изјавува дека е спремен да потпише еден договор што е спротивен со Уставот? Можете да си замислите некој лидер од Западот, од ЕУ, да кажеше такво нешто?“, ја пренесува изјавата на Павлопулос, агенцијата Миа.

DW.COM