1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ошлис и Лазарова добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”

Публицистот Волф Ошлис и новинарот Паца Лазарова се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2013 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Македонија.

Одлуката била донесена на 5 декември, на седница на Одборот за доделување на наградата, соопшти денеска Министерството за култура на Македонија.

Проф. д-р Волф Ошлис ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката, а Паца Лазарова за остварување во областа на новинарството.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2013 година во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.