1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очите на светот вперени кон Сирија

Пред очите на светската јавност експертите на ОН денеска треба да истражат дали сириските трупи навистина употребиле хемиско оружје. Сирискиот претседател Асад ги отфрли таквите обвинувања нарекувајќи ги бесмислени.

Претседателот Башар ал Асад ги отфрли обвинувањата дека сириските сили употребиле хемиско оружје и го предупреди Вашингтон дека каква било интервенција на САД во Сирија ќе пропадне.

„ Неуспех ги очекува САД, као и во сите претходни војни кои ги покренаа, почнувајќи од Виетнам па сѐ до денешен ден“, изјави сирискиот претседател за рускиот весник „Известиа“. Асад истакна дека сириските владини сили биле блиску со местото каде бунтовниците тврдат дека е минатата недела е употребено хемиско оружје : Дали некоја држава би употребила хемиско или други оружја за масовно уништување на место каде што се концентрирани нејзините трупи? Тоа би било против елементарната логика“, изјави Асад за „Известиа“.

„Тоа е бесмислица, прво да се упатат обвиненија, а дури потоа да се собираат докази. И со тоа се занимава најсилната земја во светот - САД“, нагласи Асад.

Бан: Секој момент е важен

Според него обвинувањата за употреба на хемиско оружје од страна на сириските сили се политички мотивирани а причината за нив се бројните победи на владините трупи против терористите, „Изјавите на некои политичари на Западот и во други земји се навреда за здравиот разум' изјави сирискиот претседател Башар ал Асад за „Известиа“ додавајќи дека ако некој сонува дека Сирија ќе стане марионета на Западот се лаже.

Пред очите на светската јавност експертите на ОН денеска треба да истражат дали сириските трупи навистина употребиле хемиско оружје во напад во близина на Дамаск минатата среда во кој според наводи на бунтовниците загинале стотици лица. Времето притиска.

„Секој момент е важен, не смееме да си дозволиме натамошни одложувања“, порача генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун во врска со денешниот почеток на истрагата на инспекторите на ОН. Бан, кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја, уште еднаш побара „неограничен пристап“ на тимот инспектори до местото на наводниот хемиски напад. „Очите на светот се вперени кон Сирија“, истакна Бан додавајќи „Такво нешто не смее да остане неказнето, бидејќи тоа е тешко злосторство против човештвото, нагласи тој.

Кај Западот „нема сомнеж“

Обединетите нации соопштија вчера дека тимот на инспектори за хемиско оружје денеска ќе го посети местото на нападот во преградието на Дамаск, откако сириската влада им даде одобрение за тоа. Но за САД и за други земји од Западот ваквата постапка на официјален Дамаск е очигледно задоцнета. Германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон според наводи на владата во Лондон имаат „малку сомнежи“ дека наводниот напад со хемиско оружје е „извршен од страна на владините трупи“ Тие за време на телефонскиот разговор биле единствени во закклучокот дека по еден таков напад „мора да следува решителна реакција на меѓународната заедница“. И владата во Вашингтон, според медиумски извештаи има „речиси и нема сомневања“ дека режимот на Асад употребил хемиско оружје минатата недела. Американските медиуми цитираа висок претставник на администрацијата во Вашингтон според кого најновото ветување од Дамаск да им дозволи пристап на инспекторите на ОН со местото на можниот напад дошло „премногу доцна за да биде веродостојно“.

Од другастрана Русија преку министерот за надворешни работи Сергеј Лавров изрази загриженост поради можната американска воена интервенција во Сирија. Лавров во телефонски разговор го предупредил својот американски колега Џон Кери од „екстремно опасните последици“ од можната интервенција за целиот регион на Блискиот Исток и Северна Африка“, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.