1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очите на Германија свртени кон Советот за човекови права на ОН

Неколку западни земји се борат за седиште во Советот за човекови права на Обединетите Нации. Германија притиска за создавање на посилен Совет, и се надева дека ќе остане важен играч во ОН.

На крајот на годината, завршува мандатот на Германија во Советот за безбедност на ОН. Во обид да продолжи да има важна улога во Обединетите Нации, германската влада започна кампања за седиште во Советот за човекови права на ОН.

„Германија е подготвена да превземе одговорност и да ја обликува работата на Советот. Заштитата на човековите права е основен принцип на надворешната политика на Германија. Затоа ќе аплицираме за членство во периодот од 2013 до 2015“, изјави портпаролот на германското министерство за надворешни работи за Дојче Веле.

UN Vollversammlung 2012 Guido Westerwelle

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле отпатува во Њујорк минатата недела за да го поддржи германскиот предлог. Пред одбраната публика во Германската куќа, зграда наспроти седиштето на ОН во Њујорк каде се сместени разни германски политички и културни институции, министерот истакна дека човековите права се од најголемо значење за неговата влада. „Важно е отворено да се пристапи кон ова прашање“, рече тој.

Германија - силен адвокат на човековите права

Во интервју со ДВ, директорката на Германскиот Институт за човекови права, БеатеРудолф, вели дека Германија е силен адвокат на човековите права во системот на ОН. „Во Советот за безбедност на ОН, Германија активно притискаше за заштита на децата војници. Германија исто така промовираше фундаментални права, вклучувајќи го правото за адекватно домување и право на вода и санитарни услови“, вели Рудолф. Според нејзе, овие заложби и даваат добра позиција на Германија за следните избори во Советот за човекови права на ОН.

Германската влада се натпреварува за место во „западните“ и групата на „други земји“. Белгија, Норвешка и САД го завршуваат нивниот мандат, ослободувајќи три од седум места. Германија се кандидира заедно со САД, Шведска, Ирска и Грција. Со оглед на позициите на Обама кои се за поддршка на ОН, САД најверојатно повторно ќе добие седиште во Советот. Според проценките, шансите на Германија да добие едно од двете преостанати места се релативно високи.

Ротирачки избор

Flash-Galerie Millenniumsziele

Човеково право на вода - за тоа се залага Германија во ОН

Во 2006, Советот за човекови права на ОН ја замени поранешната Комисија за човекови права на ОН. Неговите 47 членови, кои можат да членуваат само два последователни мандати, се избрани со тајно гласање во Генералното собрание на ОН. „Западната група“ која е составена од седум членови, е една од најмалите групи. Источна Европа, со шест членови е најмалата. Африка и Азија (секоја со по 13 членови) се најголеми групи. Латинска Америка и Карибите се претставени од осум земји. Германија имаше седиште во Советот од 2006 до 2009 година.

Доколку во следното гласање биде избрана, Германија се заложи дека ќе ја прошири водечката улога на Советот за човекови права во заштитата на човековите права низ целиот свет. Понатаму, Германија ја истакна нејзината подготвеност за да превземе заедничка одговорност за да ги продолжи активностите на Советот и да ја зајакне интер-регионалната соработка.

Конкретни очекувања

Беате Рудолф од Германскиот Институт за човекови права ги нарекува овие ветувања „многу нејасни“. Таа има три конкретни очекувања од германската влада, доколку апликацијата биде успешна. Тие ги вклучуваат правата на постарите граѓани како и почитувањето на основните права надвор од државните граници.

Dr. Beate Rudolf Deutsches Institut für Menschenrechte

Беате Рудолф

„Всушност се работи за заштита на човековите права за време на воените мисии, или пак за тоа како да се осигураме дека компаниите кои работат надвор од својата земја, се придржуваат до стандардите за човекови права“.

Третото барање на Рудолф е Германија активно да притиска за соработка помеѓу Советот за безбедност на ОН и Советот за човекови права на ОН. „Би било пожелно Советот за човекови права да стане еден вид систем за предупредување, база на кој Советот за безбедност ќе превземе акција кога човековите права се сериозно нарушени“.

Дополнително, Советот за безбедност на ОН треба да ја осигура заштитата на човековите права со своите акции, вклучувајќи и кога одредени санкции кои се прават, влијаат на цивилите.

Претпазлив оптимизам

По две години како непостојан член, Германија го завршува својот мандат во Советот за безбедност на ОН на крајот на годинава. Берлин беше широко критикуван од своите западни сојузници, заради воздржаноста за време на резолуцијата за воена интервенција во Либија во март 2011. Многумина ова го видоа како знак на меѓународна изолација. Германското министерство за надворешни работи одбива да коментира дали воздржаноста може да има негативно влијание на изборот кој следи.

„Се разбира воздржаниот став имаше негативно влијание врз работата на Германија на полето на човековите права во ОН“, вели Беате Рудолф за ДВ. Но таа додава дека Германија има заложби да го зајакне Советот за човекови права. Дали ова ќе оди во прилог на Германија, останува да се види. „Дали земјите кои се за послаб Совет за човекови права ќе гласаат за Германија е друго прашање“, вели таа.

Генерално, во Берлин владее оптимизмот. „Германија се натпреварува со неколку многу добри кандидати но сепак се надева на успех при изборот“, вели портпаролот на министерството за надворешни работи за ДВ.

Селекцијата на новите членови за Советот за човекови права на ОН се одржува денеска.