1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Очекувања за деловно поуспешна 2012. година

Повеќето членови на Македонско-германското стопанско здружение очекуваат зголемување на прометот и добивката во 2012 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена меѓу 154 компании-членки.

Михаел Шмит, од Управниот одбор на Македонско-германското стопанско здружение на денешната прес-конференција изрази задоволство дека компаниите членки на здружението се задоволни од сопствената деловна состојба во Македонија и што ја гледаат оваа земја како атрактивно место за инвестирање во споредба со други држави во регионот.

„ Разбирливо е, а тоа го потврдуваат и резултатите од анкетата, дека меѓу компаниите се’ уште постои скептицизам во однос на заздравувањето на македонското стопанство, а тоа постои и кон најважните извозни пазари“, рече  Шмит. 

Во споредба со минатата година Македонија како место за инвестирање е перципирана попозитивно, 74 отсто од 154-те анкетираните фирми повторно би вложувале во земјава.  Повеќето од компаниите учеснички во анкетата спроведена во првиот квартал од годинава истакнале дека во 2012. очекуваат зголемување на прометот и добивката. Вкупно 33. насто од испитаните планираат да го зголемат бројот на вработени, а 15 проценти предвидуваат намалување.

И покрај позитивните деловни перспективи и подобрата оценка на општата економска состојба, остануваат критиките на сметка на општите рамковни услови, правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните тендери.