1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очекувањата на Вол стрит од Барак Обама

Повеќето американски граѓани очекуваат дека со новиот претседател Барак Обама и со новиот конјунктурен пакет годинава ќе се случат промени на Вол стрит.

default

Неопходна е стабилна економија што ќе го развие пазарот и повторно ќе ја врати довербата. Верувањето дека американската економија закрепна е поврзана со реструктурирањето на Вол стрит и неговите контролни инстанци. Американските граѓани, но и новиот претседател Барак Обама, бараат промени во функционирањето на Вол стрит за во иднина да не дојде до случаи на измами како последниот скандал со Бернард Медоф.

Мегаконјунктурен пакет

Американскиот претседател Барак Обама се надева дека конјунктурниот пакет тежок 800 милијарди долари ќе помогне за заживување на американската економија и опоравување на пазарот на труд со три милиони нови работни места: „Новиот претседател може да направи многу за враќање на довербата или да спроведе една програма што одговара на потребите на економијата. Се наоѓаме во финансиска криза што влијае врз економијата. Она што со сигурност можам да го кажам е дека ни е потребен конјунктурен пакет. Мораме да се фокусираме на обезбедувањето на работните места, бидејќи загубата на работните места влијае врз довербата на потрошувачите“, изјави Обама.

Barack Obama Rede an der Uni Fairfax USA

Барак Обама

Поради ваквата конјунктурна поддршка, буџетскиот дефицит во тековната финансиска 2008 и 2009 година достигна над два билиона долари или околу 13 проценти од бруто националниот доход на САД. На првиот работен ден во новата година берзите реагираа со ентузијазам на претстојната промена во Белата куќа. Индексот Дау Џонс за прв пат по ноември ја надмина вредноста од 9.000 поени. Меѓутоа, веќе во втората недела од јануари митот околу Обама загуби на својата магија. Бројката невработени беше во пораст, трговците регистрираа загуби. Очигледно дека убавите времиња за Божикот беа минато. Повторно се врати реалноста и состојбата на тешка рецесија.

Дали постои волшебно средство?

На актуелната рецесија краткорочно може да се реагира со еден нов конјунктурен пакет. Меѓутоа, се поставува прашањето какво волшебно средство може да и’ даде кураж на загубената доверба на инвеститорите на берзата во Њујорк? Брза консеквентна реакција. Така, на пример, само една недела по апсењето на Берни Медоф, Обама ја именуваше Мери Шапиро за нов комесар на Комисијата за безбедност и размена. Комисијата која е надлежна за надзор на работењето на берзата во САД очигледно дека го превиде најголемиот скандал со измама во историјата на американската економија. Со ваквата промена, Обама практично почна да го спроведува неговиот план за реструктурирање на Вол стрит. Шапиро секако дека не е неоспорувана. За време на поранешниот претседател Роналд Реган таа беше отповикана од функцијата комесар на комисијата. Сега таа повторно се враќа во организацијата, која пред скандалот „Медоф“ важеше за многу блиска со Вол стрит.

Јасни ставови на Обама

Финансиската криза во САД почна во септември кога пропадна четвртата по големина инвестициска банка во САД, „Леман брадерс“. Барак Обама реагираше веднаш. Тогаш тој јасно предупреди дека финансиската криза ќе има огромно влијание врз американската економија и нагласи дека на финансискиот систем во земјата му е потребна модернизација. Клучната заложба на Обама гласи: Поголема транспарентност и обврска за отчет во рамки на финансискиот систем. Што очекува Вол стрит од новиот претседател? Економскиот експерт Питер Кардиљо од „Авалон партнерс“ објаснува: „Во 2009 година

USA Finanzkrise New York Börse Wall Street

2008 година донесе многу главоболки на Вол стрит

пазарите очигледно дека ќе бидат под засилен надзор и регулирање. Недостатокот од надзор ја предизвика кризата со недвижностите и актуелната економска криза. Затоа е потребна нова организација на Комисијата за надзор на берзата“.

Економскиот експерт Давид Реслер од „Номура секјуритис“ смета дека подобра организација на 700 милијарди долари вредниот пакет за банките, ќе му помогне на пазарот подобро да ги проценува консеквенците. Професорот по финансии на колеџот „Менхетн“ и добар познавач на историјата на Вол стрит, Чарлс Гаист, посакува нов менталитет на берзата во Њујорк: „Вол стрит секогаш ќе постои, но во иднина тој ќе привлече нова категорија инвеститори кои ќе имаат здрави интереси, а не само желба за брза заработка и повлекување“.