1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Очекуваната одлука официјализирана

Европската Унија го одложи почетокот на пристапните преговори со Хрватска закажан за утре,поради нецелосната соработка на оваа земја со Хашкиот Трибунал. Како и што се очекуваше министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ се согласија дека Унијата неможе да ги започне преговорите бидејќи Хрватска не направила доволно за апсењето на одметнатиот генерал Анте Готовина , обвинет од Хашкиот Триб

default

�нал за воени злосторства. Министрите не одредија ниту нов датум за почеток на преговорите.

Европската Унија го одложи почетокот на преговорите со Хрватска , што преставува преседан во нејзината историја со оглед на тоа што Унијата досега никогаш не го одложила датумот за отворање на преговорите со некоја кандидатска земја.

Повеќето од министрите на денешниот состанок останаа на ставот дека нема да има почеток на преговорите се додека генералот Готовина не му биде предаден на Хашкиот Трибунал.

„ Отворањето на преговорите за пристапување е одложено“ –стои во изјавата усвоена од 25-те министри на земјите членки на Европската Унија . Во неа не е одреден нов датум кога евентуално би можеле да започнат преговорите .

Дипломатски извори во Унијата велат дека хрватските државници ќе добијат порака дека преговорите би можеле да започнат веднаш штом Готовина се најде во Хаг .

Само мала група земји членки на ЕУ , меѓу нив Австрија , Унгарија , Словенија и Словачка беа за утрешен почеток на преговорите. Австриската министерка за надворешни работи Урсула плашник непосредно пред средбата зборуваше дека ќе инсистира на започнување на преговорите без нужно израчување на Готовина:

„ Не се работи за слабост или цврстина кон Хрватска , туку станува збор за фер однос. Треба да го земеме предвид изёвонредниот процес на реформи како и извонредниот напредок во соработката со Хашкиот Трибунал “-истакна Плашник.

Меѓутоа најголемиот дел од министрите беа согласни околу одложувањето на преговорите , меѓу нив и најмоќјните земји во Унијата како Германија , Франција , Велика Британија Италија .

И покрај разучарувачкото не кое денеска го испорачаа министрите , шефот на дипломатијата на Луксембур,, Жан Аселборн кој претседаваше со министерскиот совет се обиде да внесе оптимизам и охрабрување:

„. како и секогаш вратата за Хрватска останува отворена и во иднина“

Како потпора за ваквите зборови министрите на денешниот состонакој ја усвоија рамката за преговори која ќе важи во моментот кога тие ќе започнат

Инаку и хрватските власти очекуваа една ваква одлука . И покрај сите дипломатски напори земјите членки на Европската Унија пред денешната конечна одлука им укажуваа на официјалните претставници на Хрватса дека без Готовина , преговорите не можат да започнат. Хрватскиот премиер Иво Санадер кој вчера во Брисел се обиде уште еднаш да лобира за спротивно решение од денешното денеска изјави :

„ Хрватска е една стабилна земја со функционирачка демократија , и најверојатно една шанса е пропуштена но јас сум како и претходно оптимист и сигурен дека преговорите ќе започна. Не утре , но можеби ,... за тоа треба да реши Советот“