1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Очај и беспомошност

23 јули во Египет е Ден на револуцијата, национален празник. Во идина овој датум ќе се поврзува со најтешката бомбашка серија во поновата историја на Египет. 88 мртви и преку 150 повредени, некои од нив тешко.

Што натаму? Дел од урнатините во Шарм ел Шеик

Што натаму? Дел од урнатините во Шарм ел Шеик

Хотелот Газала Гарден во Шрам ел Шеик е во урнатини, изгледите за туризам во иднина се неповолни предвидува сопственикот на една продавница Мухамед:

„Имам продавница во кварт во близина на местото каде што експлодираше бомба. Со овој напад сега се ќе пропадне, се е минато, Шарм е уништен. И мојата продавница исто така. Немам доволно пари да се вратам дома„.

Шарм ел Шеик е едно од најпопуларните места за одмор во Египет. Очајот од преживеаното лудило и загубата на семејството и пријателот е огромен:

„Заедно вечерваме. Јас отидов во една друга продавница и кога се вратив тој бше мртов. Штотуку се беше оженил. Што е тоа вистински Египќанец? Ние сме вистинските Египќани. Друго нема„.

Во малку кое место во Египет има толку многу цивилна или униформирана полиција колку во Шарм ел Шеик. Извршителите мора да имале доволно сознанија, вели Мутасар ел Сајад, експерт за исламот и долгогодишен адвокат на терористичката група Ел Гамад ел Исламија:

„Небудноста на безбедносните сили ги овозможи овие напади. Во тие ноќни часови вниманието на полицијата е многу мало„

Ужас и беспомошност се чита на лицето на министерот за внатрешни работи Хабиб ел Адли кога минуваше низ урантините на опустоштениот хоетл Газала Гарден:

„Атентаторот ги пробил безбедносните пречки и го насочи автомобилот кон холот на хотелот. Притоа уби еден полицаец. Автомобилот експлодирал во применот хол каде што има голем број продавници. Затоа бројот на жртвите меѓу Египќаните е толку голем„.

Само во тој хотел загинаа најмалку 25 лица. Бес, очај и парализа во рекацијата на еден обичен работник од Шарм ел Шеик:

„Овие луѓе немаат никаква совест. Тие сакаат да ја уништат земјата. Господ треба да ги распне. Земјата беше во добра состојба и се радуваше на стабилноста. Страшно е што недолжни луѓе што работат овде се соочија со ваква стравотија„.

Осумте милиони туристи во минатата година на Египет му донесоа шест милијради долари приход. Стравот од опаѓање на посетите е голем. Претседателот на Египет Хосни Мубарак итно пристигна во Шарм ел Шеик. Тој вели дека стнаува збор за кукавички чин, ветувајќи дека решително ќе настапи против терористите:

„Не смееме лесно да ја сфатиме безбедноста на Египет и никому нема да му дозовлиме да ја загрози нашата стабилност„.

Во меѓувреме се повеќе туристи итно го напуштаат Шарм ел Шеик кој во 2002 од УНЕСКО беше прогласен за град на мирот.