1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очајнички повик за помош од Сирија

Организацијата за итна помош на ОН алармира: Милиони Сиријци се отсечени од каналите за помош поради граѓанската војна. Експертите стравуваат дека може да избијат заразни болести.

„Страшната реалност во Сирија не може да се изрази со зборови“, рече Валери Амос пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Координаторката за итна помош на ОН побара од највисокото тело на светската организација да изврши дополнителен притисок врз страните во граѓанската војна и да допуштат да се достави помош, која е итно неопходна. Таа информираше дека поради борбите на, во меѓувреме околу 2.000 вооружени групи, многу патишта се недостапни за хуманитарната помош.

Освен тоа само 15 меѓународни групи за помош смеат да работат во Сирија, вели Амос. Но и тие имаат потешкотии да добијат виза. Постојано се случува да бидат киднапирани хуманитарните работници и да бидат одземени камиони хуманитарна помош.

Valerie Amos UN in Sudan 23.05.2013

Валери Амос

Голем број луѓе умираат „тивко“, бидејќи не добиваат повеќе лекарства против рак или дијабетис. „Тоа е трка со времето“ рече координаторката на ОН. Три недели по повикот на Советот за безбедност до страните во граѓанската војна ситуацијата за хуманитарните работници не е подобрена. „Додека ние овде преговраме, таму непотребно умираат луѓе“.

Според податоци на организацијата за хуманитарна помош „Лекари без граници“ во провинцијата Алепо дошло до масовно бегство. Од почетокот на новите борби и воздушни напади од почетокот на октомври во бегство биле околу 130.000 луѓе. Според проценките, вкупно пет милиони Сиријци се во бегство во сопствената земја.

Пред неколку денови Светската здравствена организација (WHO) потврди дека во провинцијата Деир ал-Сор најверојатно избила високо заразната болест, детска парализа. Две проби биле тестирани позитивно. Вкупно биле третирани 22 пациенти. Доколку сомневањата дефинитвно се потврдат, околу 100 илјади деца под пет години во регионот ќе бидат изложени на зголемен ризик од заболување, изјави портпарол на организацијата. Би морало брзо да се изврши вакцинација, меѓутоа сосема е нејасно како да се спроведе една ваква превентивна акција во земја каде беснее граѓанска војна.