1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очајнички обиди да се спречи нуклеарна катастрофа

Размерите на нуклеарната опасност во Јапонија и натаму се несогледливи. Медиумите јавуваат дека e загрозен и трет реактор во нуклеарката Фукушима Даичи која беше тешко оштетена од земјотресот и цунамито.

default

Нуклеарката Фукушима Даичи

Техничарите во компанијата која управува со атомската централа Фукушима Даичи се подготвуваат да впумпаат морска вода и во реакторот број 2, откако и кај него се појавиле проблеми со системот за ладење, јави новинската агенција Јији повикувајќи се на извори во компанијата Токио Електрик Пауер. Таа веќе пумпа морска вода на реакторите 1 и 3 во обидот да спречи целосно топење на реакторските јадра. Портпаролот на владата на Јапонија Јукио Едано во меѓувреме ги отфрли извештаите дека дошло до топење на јадрото во реакторот 3, иако само неколку часа претходно истакна дека не може да се исклучи помало топење.

Japan Radioaktivität FLASH Galerie

Некаде радијацијата е стотици пати повисока од дозволеното

Радијација поголема 400 пати

Во последната изјава тој се обиде да ја смири јавноста:

„Сметаме дека ситуацијата во реакторот број 3 може да се стави под контрола. Се обидуваме да го намалиме притисокот во внатрешноста на реакторот. Ако го испуштиме воздухот и впумпаме морска вода, би можеле да го стабилизираме. Притоа се ослободува радијација, но сепак не постои опасност за здравјето на луѓето.“

Според многумина експерти, ова се очајнички обиди да се спречи најлошото. Од подрачјето околу централата Фукушима, во меѓувреме, се евакуирани 170 илјади луѓе, а на некои места во регионот е измерена радијација 400 пати поголема од дозволената.

Доколку дојде до целосно топење на јадрата на реакторите, се создава високорадиоактивна течност која веќе не може да се контролира и во најлош случај може да се очекуваат последици како оние по катастрофата во нуклеарката Чернобил во 1986 година.

Најголема криза по Втората светска војна

Покрај битката за избегнување нуклеарна катастрофа јапонските власти се соочени со битка со времето за спасување животи во подрачјата најтешко погодени од катастрофалниот земјотрес и разурнувачкото цунами.

„Немам сомневање дека бројот на загинати ќе се зголеми

Premierminister Japan Naoto Kan zum Erdbeben

Јапонскиот премиер Наото Кан зборува за најголема криза по Втората светска војна

над 10 илјади во префектурата Мијаги“, го цитираше денеска јапонската национална телевизија НХК, шефот на полицијата во регионот, Такеучи Наото. Полицијата претходно соопшти дека 2000 луѓе во погодените региони загинале или се водат како исчезнати. Околу 390 илјади луѓе ги напуштиле своите домови и многумина од нив нашле засолниште во околу 1400 кризни центри. Јапонскиот премиер Наото Кан издаде наредба во погодените региони да бидат испратени уште 50 илјади војници, со што бројот на армиски трупи кои се во функција на спасувачи се искачи на 100 илјади.

Кан денеска во обраќањето до нацијата повика на единство во справување со најголемата криза во земјата по Втората светска војна. Тој уште порача дека иднината на Јапонија зависи од сите Јапонци.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема