1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Очајниот Анан

На патот кон решавање на атомскиот спор со Иран, според оценката на генералниот секретар на Обедиентите нации Кофи Анан, е испречена меѓусебна недоверба. Тој вчера ги повика Техеран и западните земји да ја золемат довербата и да не поставуваат нови рокови. По враќањето од турнејата Анан зборуваше и за ситуацијата на Блискиот исток. Во наредната недела, инаку, започнува редовното годишно собрание на светск

Се чувствува оставен на цедило: Кофи Анан

Се чувствува оставен на цедило: Кофи Анан

�та организација:

Кризите во светот го определија освртот на Анан пред почетокот на генералното собрание на кое во вторник ќе настапат и американскиот претседател Џорџ Буш, но и иранскиот Ахмадинеџад. Два табора, Иран и Запад кои се однесуваат со меѓусебна недоверба, но мораат да разговараат, вели Анан:

„Никој не би требало да е заинтересиран за конфронтација. Шефовите на влади ми велат: никако не можеме да си дозволиме уште една криза во регионот„.

Анан предупреди на рокови и санкции, туку побара преговори со Европската унија. Додека за спорот со Иран покажа трпеливост, на прашањето за Дарфур покажа очај и беспомошност:

„Се наоѓаме пред катастрофа„.

Со години останува неслушнат неговиот апел и предупреди на нова Руанда, ако Судан не дозволи во земјата никакви трупи на Обединетите нации:

„Суданците јасно кажаа дека ако сакате втор Ирак, тогаш дојдете„.

Од крајот на септември два милиона бегалци и хуманитарните организации ќе бидат без заштита ако режимот во Картум не дозволи во последната минута сменување на африканските трупи со сини шлемови. Освен, тоа, не е потребна само согласноста на Судан или на Советот за безбедност. Потребни се и војници:

„Растргнати сме со мисии во целиот свет. Погледнете ги тешкотиите на НАТО да добие дополнителни 2 ипол илјади војници за Авганистан„.

Со новите кризи во Либан и Источен Тимор во моментов во акција се прелу 100 илјади сини шлемови. Преку 20 илјади се потребни за Дарфур, а нив, како што вели очајниот Анан, не може да ги добие.