1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Оценки од Скопје на изборите на Косово

Македонските власти ги поздравуваат мирно спроведените избори на Косово, а аналитичарите не очекуваат поголеми промени во односите меѓу Скопје и Приштина по победата на Хашим Тачи на гласањето викендот.

default

Скопје

За официјално Скопје е важно што изборите на Косово покажале оти регионот се демократизира. Македонската влада ќе соработува со секоја легално избрана власт на Косово, вели портпаролот Ивица Боцевски.

Во сегашната чуствителна фаза од расплетот на косовското прашање надворешната политика на Приштина е одредена на повисоко ниво така што за Македонија не влијае значајно која политичка опција ги доби изборите, смета политичкиот аналитичар Ибрахим Мехемети.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле смета дека Србите погрешиле што ги бојкотираа изборите, бидејќи во услови на низок одзив ќе обезбеделе добра позиција во идната влада и ќе можеле да влијаат врз важните одлуки на Приштина. Победникот на изборите ќе мора да се фокусира на исполнување на предизборните ветувања но и да биде прагматичен, ги прогнозира Чашуле следните чекори на Хашим Тачи кој има добри врски со поличарите од албанскиот блок во Македонија.

Досегашниот косовски опозицонер редовно доаѓа во посета на Македонија. Имаше средби со Никола Груевски претходно со Владо Бучковски и за прв пат на премиерско ниво со Љубчо Георгиевски набргу откако се трансформираше од илегален борец за независно Косово во политичар од највисоките кругови на власта.