1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Оценка 3,3 за корупцијата во Македонија

Во годишниот извештај за Корупцијата на Транспаренси Интернешенал, меѓу 180 земји Македонија се наоѓа на 84 место.

default

Корупцијата - глобален проблем во светот

Позицијата на Македонија е лесно подобрена. Но, самата позицијата не е особено релевантна,ако се знае дека секоја година има различен број земји кај кои Транспаретси Интернешанал го испитува степенот на корупција. Битна е оценката која се движи од 0 до 10. Годинава во Извештајот најдобро минаа Данска , Финска и Нов Зеланд со оценка 9,4 , а најлошо Сомалија и Мианмар со 1,4.

Подобро од лани!

Глобализацијата во својата најсурова форма - корупцијата особено ги погаѓа сиромашните, неразвиените, нестабилните подрачја од светот. Ова се потврди и годинава. Македонија ја доби оценката 3,3 и се најде на 84 то место.

"Оценката сама за себе е многу ниска. Во една скала од 0 до 10, да се има 3,3 е прилично лошо. Ова покажува дека корупцијата во Македонија е се уште во пораст и треба уште многу повеќе да се направи. Од друга страна, ако се има предвид дека лани оценката беше 2,7 евидентно е лесно подобрување што навестува позитивен развој” - вели за нашата програма др Миклос Маршал, регионален директор за Европа и Централна Азија на Транспаренси Интернешанал кој ја коментира ситуацијата во земјите од Балканот:

"Споредено со соседните земји од Југоисточна Европа, предничи Хрварска со оценка од 4,1. Потоа е Србија со 3,5, па идентични оценки со Македонија имаат Босна и Херцеговина и Црна Гора. Најлоша е ситуацијата во Албанија која е оценета со 2,9.

Според Маршал врз позитивните промени во Македонија пресудно влијание имаа два фактори. Најпрво притисокот кој го прави меѓународната заедница во глобалната борба против корупцијата. И второ, перспективите на Македонија за членство во Унијата кои ја принудија Владата на реформски зафати - регулирање на економијата, подобрувањето на бизнис климата, но и ангажирање странски експерти за борба против корупцијата. Но, тој забележува дека би било рано да се слават постигнатите промени зашто мора уште многу да се направи. Но, може да се каже дека има тренд на позитивни промени и Македонија покажува слика која повеќе ветува од порано.

„Нулта толеранција“ македонски партнер на Транспаренси Интернешенал

Доктор Маршал го коментира и повторното враќање на Транспаренси Интернешенал во Македонија:

"Минатата година за нас беше болна одлуката да се повлечеме од Македонија поради валканите игри на дел од раководството на Транспартентност Македонија. Поради нашата заинтересираност, по година молк и стивнување на емициите, повотрно сме присутни во Македонија. Можам да соопштам дека од пред неколку недели соработуваме со нова контакт група “Нулта толеранција”. Таа се уште не може да го користи нашето лого, но процедурата е во тек. Доколку добро работи, а нема причина зошто да не биде така, ќе стане полноправна членка и партнер на Транспаренси Интернешенал”

Германија во годишниот извештај е оценета со 7,8. Тоа покажува дека и покрај големите корупциски скандали, Германија е релативно чиста земја. Скандали има и еден од поголемите беше на пример оној во Сименс. Но, разликата меѓу Германија и земјите од Југоисточна Европа е во тоа што тука одлично функционира судскиот систем, па оние кои се инволвирани во корупција мора да се соочат и со законските последици подвлекува доктор Миклос Маршал, регионален директор за Европа и Централна Азија на Транспаренси Интернешенал.