1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Охриѓани бараат конкретни резултати

Граѓаните деновиве се изнаслушаа ветувања од кандидатите за локалната власт. Сликата не е ништо поразлична од претходните избори. Охриѓани сакаат исполнување на ветеното. За кандидатите се типува и во обложувалници.

default

Охридскиот регион

Колку што се приближува денот на изборите, толку амбиентот во Охрид е се’ позовриен. Вокабуларот на политичарите е се` пожесток. Членовите на нивните изборни штабови не одбираат средства предвреме да прокнижат уште по некој важен глас за своите „пулени“. По обичај, на граѓаните им се нудат мед и млеко, а по изборите тие никако да протечат. Ако се прави паралела со она што се случува на државно ниво, Охриѓани барем ќе признаат дека комуналните избори за нов градоначалник и Совет за нив се далеку поинтересни и понеизвесни.

Во трката за прв човек, освен досегашниот градоначалник Александар Петрески од СДСМ, кој повторно ја бара довербата на Охриѓани, на гласачкото ливче ќе бидат уште петмина: Васви Доко од Нова Демократија, Боро Павлоски од ЛДП, Томе Гиноски од ВМРО-НП и Ацо Попоски од НСДП. Трката ја прави поинтересна и учеството на Кирил Трендафилов - Нанче од ВМРО ДПМНЕ, кој претходните избори за градоначалник ги загуби со тесен резултат.

За кандидатите се типува и во обложувалници

Сите кандидати за само 20 дена ги посетија се чини и најодалечените и најзафрлените места во општината. Ветувањата на сите се идентични.

Ohrid See in Mazedonien

Пристаништето во Охрид

Аналитичарите велат дека, како и секогаш, има работи кои кандидатите за градоначалник ги ветуваат, а ниту од далеку не се во нивна надлежност. На навидум бројните анонимни телефонски анкети, на кои Охриѓани како да станаа имуни, деновиве им е понудена уште една интресна опција. Во една охридска обложувалница тие можат да се обложуваат и кој ќе биде идниот градоначалник. Сопственикот на обложувалницата Љупчо Арнаудов вели дека тоа го направил и за Евровизијата и за изборите во Америка. „Ова не е нешто ново. Граѓаните си го кажуваат својот глас, својата определеност, па ќе видиме. Очекувам до крајот да се вжешти трката, особено во оваа последна недела“, вели сопственикот на обложувалницата. Дел од граѓаните преку ова најдоа начин за забава. Некој сигурно и ќе заработи. Сепак, има и такви кои не се согласуваат со овој начин на обложување. Негативни одгласи стигнаа и од некои кандидати и изборни штабови. Арнаудов со одговор: „Мислам дека и Арсенал не е коњ за трки, па се обложуваат. Некој, ако веќе се определил како кандидат, ќе мора да трпи и навреди и добри работи и се`.“

Изборната трка досега најмасовна

Во Охрид овие претседателски и локални избори ќе останат забележани по уште една специфика. За 23-те советнички места ќе се натпреваруваат досега најмногу кандидати, 437 од 19 советнички листи. Дванаесет од нив се составени од веќе етаблираните политички партии, а дури седум од независни кандидати. Токму тие ќе се обидат да ја сменат дводецениската црно – бела варијанта, која ја карактеризира македонска политичка реалност, и како што велат, самите ќе се обидат да бидат коректор во работата на идната локална власт. Еден од нив е Никола Пулески, кој забележува дека надежта, вербата и љубовта кон Македонија се претвориле во лексилиум и ливче од спортска прогноза. „Тоа ни е надежта, друга немаме. Деведест и пет насто од бизнисите во Македонијасе обложувалници и аптеки. Друг бизнис нема. Македонскиот народ, драги политичари од сите политички партии, запаѓа во духовна депресија“, реагира Пулески.

Стари неисполнети ветувања

И Египќаните, како етнос во Охрид, имаат свои барања. Тие коалицираат со други политички партии за да ги остварат своите права, вели Неџо Селман. Охриѓани и натаму го чекаат посебниот закон, а очекувањата на граѓаните сублимирано се многу скормни. Тие очекуваат подобар живот и услови за вработување за секого. Класичен пример дека работите секогаш не одат според посакуваното темпо е туристичката населба Пештани. На речиси сите претходни избори таму се ветуваше канализација и функциониорање на колекторскиот систем за заштита на Езерото. Така е и овој пат.