1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Охрид рај за питачите и крадците

Секое лето Охрид станува рај за питачите од цела Македонија. Надлежните се обидуваат да ја елиминираат оваа појава, но успехот е делумен. Најчесто тоа се Роми кои сакаат лесна заработка и пак се враќаат назад.

default

Сликата се повторува. Охрид како туристички центар е атрактивен за сите, па и за питачите. И не се работи за изолирани случаи велат од Центарот за социјални работи. Тоа се организрани групи луѓе. На терен се малолетните или навидум беспомошните, а од позадина конците ги влечат

Betteln Bettler Mostar Bosnien-Herzegowina

некои други. Ве фаќаат на сентимент и емоции за да посегнете по паричникот. На крајот од денот кога ќе го сведуваат билансот сигурно ќе заработат многу поголема дневница, отколку на пример некој кој вложил труд, вели Илија Миштакоски од Центарот за социјални работи: „Главно се Роми, знаеме дека тоа е најзагрозена ранлива категорија во македонското општество. Најчесто тоа се лица од населбата Баиро на патот меѓу Битола и Прилеп и од населбата Шутка од Скопје.“

Кога ќе дојдат во судир со полицијата и со нас од Центарот се правдаат дека и тие имаат право да дојдат на одмор и да бидат туристи, додава Миштакоски: „Со оглед на тоа што Охрид е главниот туристички центар во Македонија и нивниот изговор е дека повод за нивното доаѓање е туризмот што е далеку од вистината. Вистинскиот повод е питачењето пари.“

Питачите назад, станоиздавачите заработуваат прекршочни пријави

Ohrid 1

Летово координирано спроведовме пет акции со Центарот за социјални работи и секој од својот домен делуваме врз оаа категорија граѓани изјави за Дојче веле Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид: „Акциите вродија со пронаоѓање на околу стотина лица од другите градови во Македонија, коишто заедно со малолетните деца имаа намера да питаат. Тие лица се упатени во местото на живеење и се отстранети од Охрид. Овие лица ние ги санкционираме согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир кадешто стои децидно дека, кој ќе се затекне да пита ќе му се изрече глоба во износ од 15 до 50 евра.“

Надлежните и покрај непредвидливите ситуации се претпазливи: „Во овие случаи не изрековме мерка прекршочна пријава, бидејќи луѓето беа затекнати пред чинот на питачење и им наложивме да се вратат во местото на живеење. Ние ги лоциравме местата кадешто овие луѓе се привремено сместени. Против сопствениците на куќите, собите и другите објекти полицијата поднесе неколку прекршочни пријави.“

Формирањето прифатен центар ќе го ублажи проблемот

Се погласни се размислувањата државата да инвестира во изградбата на прифатен центар во Охрид во кој би се сместувала оваа категорија граѓани Со ова се согласува и социјалниот работник

bettelnde Haende - beggar

Миштакоски: „Мислам дека ова би било иделано решение. Би се сместувале таму, би се правело опсервација, тријажа и потоа и би се враќале во матичните градови каде што би ги презеле нашите колеги. Нам ни е потребно прифатилиште во текот на летната сезона со што би се ублажил проблемот. За да се реши оваа појава потребна е цела стратегија; децата да седнат во училишни клупи, на родителите да им се обезбеди вработување... Ќе треба еден цел пакет социјално-општествени мерки за да је нема оваа појава како што ја има сега.“

Згора на ова во Охрид зачестија кражбите по станови, куќи продавници во кои учесници се дел од питачите, а граѓаните се жалат на лица кои под изговор дека бараат помош за лекување се почесто тропаат на нивните врати.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска