1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Охридско лето“ го тресат скандали

Тројца директори во нецели три години. Потрагата по нов директор на фестивалот „Охридско лето“ продолжува. Наместо блескави критики за програмата, медиумите постојано се полнат со скандали од кујната на фестивалот.

default

Концерт на „Охридско лето“ (архива)

Во „Охридско лето“ фрчат оставки и смени, полицијата истражува. Има драма и расплет, но не на сцена, туку зад кулиси. Во три години двајца директори беа само вршители. Двапати се распишуваше конкурс за да се најде личност, која ќе биде достојна на традицијата на „Охридско лето“ и која ќе знае да го менаџира налик на останатите во светот. Беше избран Васко Василески, но пред три дена поднесе оставка. Увидел, во состојбите во кои плива фестивалот, дека не ќе може да го

Mazedonien Festival Ohridsko leto Vasko Vasilevski Direktor

Досегашниот директор на „Охридско лето“ Васко Василески

спроведе ветеното. Василески претходно според Статутот ги разреши селекторите за музика и драма Гордана Јосифова Неделковска и Ѓорѓи Јолевски и ги постави Маја Чаначевиќ, директорка на Македонската филхармонија и раководителот на Охридскиот театар Горан Стојаноски. Василески кажа дека полицијата темелно го чешла финансиското работење на институцијата од 2008 до денес, од директорите до селекторите. Така речи додека Горан Стојаноски се заблагодаруваше за укажаната доверба, стигна и веста дека се повлекле од функциите. Наводно екс- директорот Василески ги именувал без знаење на министерката и само по неформални разговори со обајцата. Министерството се огласи дека тие истовремено не можат да водат два важни колективи и да бидат селектори. Но, Јосифова Неделковска беше селектор и декан на Факултетот за музичка уметност.

Нов конкурс и за  нов директор на „Охридско лето“

За да се зачува разнишаниот углед на фестивалот Министерството за култура  назначи вршител на должност директор и по куса постапка уште денеска (23 . 02 . 2012) распиша конкурс за нов директор што ќе трае осум дена.

Der russische Pianist und Dirigent Michail Pletnjow

Настап на „Охридско лето“ (архива)

И’ судбината на селекторите е неизвесна, портпаролот на министерството за култура Анита Јованоска ни рече: „Според статутот на манифестацијата директорот ги избира и именува програмските селектори. Очекуваме конкурсот да помине во најдобар ред, да биде избран директор кој понатаму би одлучил околу изборот на драмскиот и музичкиот селектор на фестивалот“. Портпаролот Јованоска одби да коментира дали и сменетите селектори се во игра, велејќи дека ќе се почитува Статутот на „Охридско лето“.

Се бараа жртви за да го покријат криминалот

Фестивалот „Охридско лето“ наместо да продолжи да биде еден од најпознатите во Европа постана поле за политички пресметки, вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески: „Наместо уметници кои треба да го водат фестивалот се поставуваат политички – партиски кадри. Еден фестивал од негов ранг не го заслужува тоа. И најновата состојба е кулминација на случувањата во ’Охридско лето’. Тие во промените на раководствата последниве години бараа жртви што ќе ги потпишат криминалните работи од минатото. Мислам дека тоа не го најдоа во последните личности, кои што ги поставија за директор или селектори и од тие причини се нивните оставки“.

Panoramabild von Ohrid

Охрид

Шпекулации или вистина – Кому се’ должи или не Фестивалот?!

Државните ревизори лани обелоденија низа неправилности  во работата на фестивалот во делот на располагањето со финансиите, јавните набавки и друго. Дел се веќе надминати, но јавноста шпекулира дека кон Управата за јавни приходи фестивалот има долг од околу сто и четриесет илјади евра данок и камати. Наводно и многу доверители побаруваат милионски суми, а одредени спонзори најавиле дека ќе се повлечат.

„Сите тие шпекулации не се во прилог на фестивалот. Во дирекцијата во Охрид во тек е полициска истрага која треба да истражи се’ и дури потоа полициските органи да дадат официјална информација за јавноста“, изјави за ДВ портпаролот Јованоска.

Во Охрид стравуваат  дека дирекцијата може да се пресели во Скопје и со нетрпение се чека името на новиот директор. Независен или партиски кадар и не е важно – почитувачите на уметноста сакаат „Охридско лето“ само да ја преброди долгата криза.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска