1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Охридскиот договор мора да биде применуван

Европарламентарката Дорис Пак, во интервју за Дојче Веле истакнува дека во Македонија треба да има вистинска примена на Охридскиот договор, во што земјата е на добар пат.

Дорис Пак

Дорис Пак

По објавувањето на најновиот извештај на ЕУ за напредокот на земјите од Балканмот на патото кон Европската унија, јасно е дека Македонија треба уште многу да стори. Во Македонија постоеја и етнички проблеми, дали сега тоа е проблем за ЕУ?

„На Македонија, уште од почетокот на 90-те години, барем ние европските пратеници, и укажувавме дека ако не го сфати сериозно албанското малцинство, кое е големо, најмалку 25 проценти, ако не ги направи Албанците рамноправни граѓани во државата, тогаш ќе дојде до проблем. Проблемот и се создаде кон крајот на таа деценија, па тогаш ЕУ со воена акција пречи да дојде до војна таму. Оттогаш ние сме силно ангажирани таму, заедно со меѓународната заедница успеавме да дојде до Охридскиот договор, кој го склучија сите партии, а кој мора да биде применуван дел по дел. На Славомакедонците мора да им се каже дека тоа не е никаква милост кон нивните сограѓани од албанско потекло, туку дека е сосема нормално постапување, тие се македонски државјани кои имаат сосема исти права, но се разбира мораат да имаат и сосема исти обврски како и другите македонски државјани. Во таа смисла постои потреба од вистинска примена на Охридскиот договор, но на тоа Македонците се на добар пат. Тие мораат се разбира да го подобрат правниот систем, но тоа е проблем кој е заеднички за целиот регион на Балканот.“ истакна Дорис Пак