1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Охридскиот договор во фокусот

Средба на лидерите на ДПА и ПДП за официјализирање на нивната нова соработка во владината коалиција

Тетово

Тетово

Затворањето на сеуште нерешените прашања сврзани со целосната примена на Охридскиот рамковен договор меѓу кои законското регулирање на официјалната употреба на албанскиот јазик и институционалното решавање на правата на загинатите припадници на ОНА и на нивните семејства во наредните денови ќе бидат дел од политичките приоритети на кои ќе фокусираат ДПА и ПДП во рамките на владината коалиција,рекоа денеска попладен лидерите на овие две партии Арбен Џафери и Абдуљади Вејсели.

Со денешните разговори во Тетово тие ја официјализираа својата нововоспоставена соработка.

„Постојат точки од Рамковниот договор кои се обврзувачки за примена за сите партии па и за партиите на власта.Недоразбирања може да има само околу темпото и роковите на примената на точките од Рамковниот договор,“рече Џафери.

Според него ресоцијализацијата на припадниците на ОНА продонесува за зголемување на меѓуетничката доверба во земјата.Според лидерот на ДПА веќе се надминати недоразбирањата со ВМРО ДПМНЕ и оти сомнежите ги предизвилала ДУИ со своите тврдења дека наводно постоела пишана спогодба меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ по политичкиот дијалог,што не е точно,се работело само за обичен записник,рече Џафери.

Вејсели исто така посочи дека двете политички партии во рамките на владината коалиција ќе се насочат кон реализирањето на Рамковниот договор:

„Дрги успеси нема,зашто нема визија,нема концепт како да делува политички и многу конкретно ќе биде и во наредните денови,дека тие не се многу загрижени за правата на Албанците,за имплементирање на Охридскиот договор.Тие четири години беа на власт и рекоа,тој е завршен,при крај, кога се во опозиција,бидејќи не се во власта,велат сега дека од Рамковниот договор останале уште многу нешта.“

Интергирањето на Македонија во ЕУ и НАТО ќе в биде дел од ангажманот на двете партии,ДПА и ПДП.