1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Официјално: Победник на изборите во Египет е Муслиманското братство

Коалицијата предводена од Муслиманското братство победи на парламентарните избори во Египет, освојувајќи 47,18 проценти од пратеничките места, потврдија денеска (21.01) од изборната комисија и од партијата.

default

Победник на парламентарните избори во Египет е Муслиманското братство

Демократската алијанса, предводена од партијата „Слобода и правда“ на Муслиманското братство, освои 235 од 498-те места во парламентот.

Според финалните резултати, објавени денеска од Високиот изборен комитет, тврдите исламисти освоија 29 проценти од пратеничките места. Секуларната Њу Вафд и Египетскиот Блок завршија на третото, односно четвртото место.

Парламентарните избори се сметаат за први слободни избори по неколку децениското владеење на Хосни Мубарак.

Автор: Александар Методијев/дпа/ројтерс

Редактор: Е. М. Фиданоска