1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Официјално обвинување против Либерман

Израелското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман, две недели по неговата оставка. Тој е обвинет за злоупотреба на функцијата.

Главниот обвинител на Израел поднесе денеска во суд во Ерусалим обвинителен акт против поранешниот израелски министер за надворешни работи Авигдор Либерман.

Либерман е обвинет за измама и злоупотреба на службена должност. Имено, тој во 2009. година назначил свој познаник за амбасадор во Латвија откако тој му доставил доверлива информација за полициска истрага против него.

Главен сведок ќе биде заменик министерот за надворешни работи Дани Ајалон, шеф на Комисијата која го назначила амбасадорот.

Овој месец Либерман поднесе оставка како министер за надворешни работи откако обвинителот објави дека има сомневања оти Либерман е вмешан во скандал. Обвинителството врши истрага и за други дело против Либерман, со години тој се сомничи за перење пари. Меѓу другото, тој наводно илегално земал пати од претпријатија, перејќи ги преку т.н. фирми-поштенско сандаче.

И покрај обвинувањата и скандалот, Либерман е не се откажува од кандидатурата на парламентарните избори на 22 јануари, партијата на Либерман - Израел бејтену (Наш дом Израел) настапува заедно со владејачката партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Но, проблемите со судството можат да му ги намалт шансите за министерско местово идната влада.