1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Официјална оставка на претседателот на Мали

Двеипол недели по воениот пуч во Мали, обезвластениот претседател на таа земја Амаду Тумани Туре и официјално поднесе оставка.

Амаду Тумани Туре на тој начин има намера да отвори пат за предавање на власта од рацете на армијата на преодна влада, соопшти регионалната заедница на држави ЕКОВАС. „Ова го правам без притисок, со добра верба и го правам пред се‘ од љубов кон мојата земја“, изјави Туре.

Уставниот суд на Мали сега има можност да објави дека претседателот не е во состојба да ја извршува неговата функлција и натаму. Потоа претседателот на поарламентот Дионкоунда Траоре ќе ја преземе функцијата вршител на должност претседател, како што е предвидено со уставот на земјата.

Траоре во саботата (07.04) се врати во Бамако од соседна Буркина Фасо. 70-годишниот претседател на парламентот сега треба да состави преодна влада и да организира нови избори.

На 21 март група војници предводени од Амаду Хаја Саного извршија пуч во Мали. Тие постигнаа договор со ЕКОВАС и соопштија дека ќе ја предадат власта во рацете на цивилна влада. За возврат добија ветување оти ќе бидат амнестирани. Со својата одлука пучистите реагираат како на санкциите воведени против земјата до страна на соседите откако беше извршен преврат, така и на воениот победнички поход на бунтовниците Туарези, кои во петокот (06.04) го прогласија северот на Мали за независен.

Франција, поранешна колонијална сила во Мали, вчера (07.04) го поздрави договор за предавање на власта и побара негово брзо спроведување. Освен тоа, министерот за надворешни работи Ален Жипе најави можно продолжување на цивилната и воена помиош за Мали, која беше стопирана по пучот.