1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Официјална Атина воздржана за предлозите на Нимиц

Портпаролот на грчкото МНР денеска не ги демантира шпекулациите на грчките медиуми за последниот предлог на Нимиц. Според вчера објавените информации, Нимиц предложил име Горна Република Македонија.

Грчката Влада ниту ги потврдува ниту ги демантира извештаите во медиумите за тоа кој е всушност последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина. Ова денеска го изјави портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас, што е новост затоа што досега тој секогаш остро демантираше се’ што се пишува во медиумите.

Во однос на шпекулациите за тоа каде ќе стои георгафската одредница, тој рече дека работен јазик на преговорите во Обединетите Нации е англиски така што и идеите и предлозите на Нимиц се презентираат на англиски. Според него, последната средба во Њујорк е уште еден чекор во преговарачкиот процес, кој е со цел да ги доближи двете страни за тие да можат за дојдат до взаемно прифатливо решение. Грчкиот преговарач Василакис денеска се враќа во Атина каде ќе го извести Министерството за последните разговори и предлози на Нимиц. На новинарско прашање дали Аврамопулос размислува да ја прифати поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на министерската средба во Охрид, Делавекурас рече дека не знае затоа што програмата на министерот за мај се’ уште не е готова.

Поврзана содржина