1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Официјален старт на кампањата

Изборната кампања почна денеска (11.05.2008) и ќе трае до 30 мај. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите имаат 20 дена за претставување на своите програми пред избирачите.

default

Коалицијата за европска Македонија „Сонце“ ги промовираше кандидатите за пратеници

Минатата недела, 30 политички партии потпишаа Кодекс на однесување на парламентарните избори, со цел изборите да бидат фер и демократски. Според досегашните најави, изборите ќе ги набљудуваат 270 претставници на ОБСЕ и околу 3 500 на граѓанската асоцијација МОСТ.