1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Официјален почеток на процесот против Бошковски и Тарчуловски

Во Трибуналот за воени злосторства во Хаг претпладнево официјално започна судскиот процес против двајцата македонски државјани Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски . На почетокот од судењето воведен збор има обвинителството кое ги образложи обвиненијата кои ги товарат Бошковски и Тарчуловски за извршени воени злостортва и прекршување на правилата на војување за време на конфликот во Македонија во 2001-ва година . Како што беше договорено на предпроцесната конференција одржана на 12 април , по излагањето на обвинителството кое би требало да заврши денеска во раните попладневни часови ќе биде направена пауза од три недели и процесот ќе продолжи на 7 мај.