1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Официјален крај на бракот "Дајмлер Крајслер"

На денешното генерално собрание на концернот во Штутгарт и официјално треба да биде потврдена одлуката за разделба, донесена уште во мај. Шефот на Дајмлер, Дитер Зече гледа почеток на нова ера

default

Крајслер е мртов, да живее Дајмлер: уште вечерва натписот со новото име на фирмата да биде треба поставен пред фабриката Дајмлер кај Штудгарт. Добриот стар Дајмлер цвета повторно, откако го раскина договорот со американската компанија кој има донесе загуби во милијарди евра. Како чисто германска фирма, Дајмлер сега вреди 20 милијарди евра повеќе, од фебруари кога се уште функционираше трансатланската фузија, и немаше најави за поделбата на компанијата. Шефот на Дајмлер, Дитер Зече ќе стартува без Крајслер: со ново лого, нов натпис на фирмата и нова препознатлива боја. Англискиот останува официјален јазик за комуникација во компанијата, но новиот почеток Зече го бјави и преку промената на името.

“Многу е добро што имаме шанса за нов почеток, дека сега ќе имаме јасен корпоративен идентитет како Дајмлер, и производи со наш бренд, различни од оние на Мерцедес бенц на пример, кој е познат како наш втор основач.

Токму тоа е проблемот за многу луѓе од Баден, каде се наоѓа седиштето на Мерцедес Бенц: според нивниот план треба сите фабрики од Бремен до Капштад во кои тие имаат уддел, треба да се преименуваат во “Мерцедес Бенц”. Но, тоа не го дозволуваат компании како Дајлмлер, во која сакаат да го избришат името на соосновачот, човекот од Бремен, Карл Фридрих Бенц.

Дали е тоа исправно, не се знае. Ова е само дел од долгата расправа каде е констриран првиот автомобил во Бремен или Штудгарт. Штефан Рориг, заменик директор на Музејот Мерцедес објаснува.

“Автомобилот без сомневање го има констриурано Бенц во 1886 година. Готлиб Дајмлер е за нас е човекот кој имал визија за моторизирање и првиот што го направил брзиот мотор. Тоа било три години пред појавата на автомобилот, но тој немал планови да конструира автомобил”.

Готлиб Дајмлер веќе долго време беше починат, а Карл Бенц многу стар, кога нивните фирми се фузионираа во Дајмлер Бенц. Двојното име на фирмата се користеше повеќе од 70 години, се до 1998 година кога беше купен Крајслер. Сега Дајмлер повторно се осамостојува.

На новите натписи на фирмите, новите меморандуми, писма, сега работат над 200 луѓе, а преименувањето ја чини фирмата веќе двоцифрени милионски суми. Треба да се преименуваат само 170 000 и мејл адреси, и тоа за брзо време. Секако подолго ќе потрае пререгистрирањето на околу 200 филијали на Дајмлер во светот. Исто така мора да се променат и работните облеки на луѓето кои работат во фабриките. Тони писма и визит карти се печатат одново, а мора да се сменат и персоналните картички за влез во компанските простории.

Добитници од промената на името се Американците: менаџерите во Крајслер добија милионски отпремнини, како надокната за разделбата. Дајлмер исто така сега треба да плати и милионски суми за правно користење на името без додавката Бенц. Колку милиони ќе излезат на крај, акционерите ќе дознаат на генералното акционерско собрание. Новото име Дајмлер АГ се гледа како добар повод да се расчисти со минатото и лошата фузија со Крајслер, која на времето беше опишувана како “свадба на небото”.