1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Офанзивата продолжува, примирје не е на повидок

Дипломатските активности за прекин на насилството на Блискиот Исток досега не донесоа поголем успех. Израел ја продолжи својата офанзива во појасот Газа и во текот на ноќта се водеа жестоки борби со припадниците Хамас.

default

Газа

Во појасот Газа продолжува копнената офанзива на израелската армија, којашто води жестоки борби со борците на Хамас. Израелската армија навлезе и во едно од упориштата на радикално-исламистичкото движење Хамас, Хан Јунис. Во борбите загинал и еден израелски офицер. Судирите продолжија и во градот Газа. Таму денеска се бомбардирани и две училишта кои се под раководство на ОН. За сега има информации дека загинале петмина Палестинци. И покрај масовните напади на армијата во појасот Газа, Хамас вчера испука 40 ракети врз израелска територија.

Израелското радио утрово почнаа со вест што ја шокираше земјата.Тројца израелски војници на елитната единица се убиени во Газа, 20 се повредени, откако тенк на армијата по грешка пукал врз објектот кадешто се наоѓале војниците. Вчеравечер се мислеше дека Хамас испукал ракета врз куќата кадешто се засолниле војниците, но оваа информација се покажа погрешна.

Дипломатските активности без успех

Посредничките напори на европските дипломати под раководство на чешкиот министер за надворешни работи, Карел Шварценберг, досега не донеса успех.

Israel Palästinenser Gaza Außenministerin Tzipi Livni

Министерката за надворешни работи, Ципи Ливни

По средбата со претставниците на ЕУ, израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни рече: „Со теророт не склучувам договор. Ние се бориме против теророт. Имено, ако склучиме договор со теророт во истиот момент ќе ја загубиме способноста, да постигнеме спогодба со прагматичните елементи. Јас сакам, оние кои ќе победат, да бидат тие, со кои можам да постигнам спогодба. Резултатот од осумте години, во кои Израел беше напаѓан, нема да значи победа на Хамас.“

Саркози повика на примирје

Дипломатските напори на францускиот претседател, Никола Саркози, исто така досега не донесоа напредок за решавање на конфликтот. Саркози вчера во Рамала разговраше со претседателот на Палестинците, Махмуд Абас, по што повика на примирје и побара да се олесни патот за хуманитарната помош.

Nicolas Sarkozy bei Hosni Mubarak Ägypten

Никола Саркози во посредничка мисија

На разговорите со неговиот израелски колега Перес, францускиот претседател го замоли, Израел да им излезе в пресрет на ваквите барања. На средбата на Саркози со премиерот на Израел, Ехуд Олмерт, францускиот претседател не можеше да издејствува 48-часовно примирје за подобрување на хуманитарната состојба. Израелската влада одлучно пледираше за парелални активности, офанзивата треба да продолжи и истовремено да се водат дипломатски преговори.

Загриженост околу хуманитарната положба во појасот на Газа изрази и претседателот на САД, Џорџ Буш. Буш, кој за воениот конфликт вината му ја препишува само на Хамас, истакна дека Соединетите држави се залагаат за прекин на насилството во појасот Газа, но не по секоја цена. Секое примирје мора да се заснова на услови, за Хамас да не ја корсити Газа како место од кадешто ќе врши ракетирање, смета Буш.

DW.COM