1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Отфрлена жалбата на Вранишкоски

Европскиот суд за човекови права, едногласно, донесе одлука да ја отфрли како неприфатлива жалбата на Јован Вранишкоски против Република Македонија, поради неисцрпување на сите домашни судски постапки.

default

Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Вранишкоски се пожали до судот во Стразбур дека македонските судови со нивните пресуди го прекршиле неговото право на правично судење (член 6 од Европската конвенција за правата на човекот -ЕКЧП), како и за кршење на неговата слобода на (у)верување, совест и религија (член 9 ЕКЧП) и слобода на изразување (член 10 ЕКЧП), како и дека бил дискриминиран (член 14).

Во дадениот случај, станува збор за пресудата на Врховниот суд на Република Македонија од 13 септември 2005, кој потврди дел од пресудата на битолскиот првостепен и Апелационен суд, за предизвикување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост со издавањето на неговите верски календари во 2004 година. Врховниот суд, во таа прилика, го ослободи од обвинувањата за присуството на интронизацијата на двата негови владици од СПЦ во Белград и за верските служби во домот на неговите родители. На крајот, тој беше казнет во Македонија само поради објавувањето на верскиот календар, во кој изрази религиозни мислења и ставови.

Вранишкоски требало да се обрати прво до Уставниот суд на Македонија

Европскиот суд за правата на човекот ја отфрли тужбата на Вранишкоски во однос на неговата слобода на (у)

Mazedonien Justiz Obergericht

Врховниот суд во Македонија потврди дел од пресудата на првостепениот и на Апелациониот суд

верување, совест и религија и слободата на изразување, бидејќи македонските судови ја задоволиле правдата во однос на овие членови на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП)со ефикасен правен лек.

Од друга страна, Судот смета дека Вранишкоски не ги исцрпил сите домашни судски постапки, односно тој поднесол тужба во Стразбур, а не се пожалил пред Уставниот суд на Македонија, кој според македонскиот устав има надлежност да се изјасни по обвинувањата на Вранишкоски.

Во образложението на одлуката на Европскиот суд за правата на човекот е даден и мал историски осврт на конфликтот кој ги спротивстави Вранишкоски и СПЦ со МПЦ. Дојче веле дознава дека, во моментов, во процедура во Стразбур се наоѓаат и други тужби на Вранишкоски против Македонија.

Македонија е осудувана поради должината на судските постапки

Медиумскиот предмет на Вранишкоски е најдобрата илустрација на многу слични анонимни предмети кои доаѓаат до Европскиот суд во Стразбур од Македонија. Имено, македонските граѓани поднесуваат тужби во Стразбур пред да ги исцрпат сите домашни правни постапки, што доведува до логично отфрлање на нивните предмети. Македонија во Стразбур најчесто е осудувана поради должината на судењата. Само во 2008 година, во десет од петнаесет пресуди на Судот од Стразбур, кои се однесуваа на Македонија, беше констатирано дека има кршење на правото на праведно судење, поради неразумниот рок односно предолгото траење на судските процедури. Вчерашните две пресуди - Блаже Илиевски и Јосифов против Македонија за должината на судењата, се потврда на оваа слабост на македонските судови.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска