1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Отстапките на Јанукович не се доволни

Американскиот државен секретар Кери денеска (1.02) оцени дека украинскиот претседател Јанукович ќе треба повеќе да стори за да и‘ стави крај на кризата во земјата. Кери е против надворешно мешање во Украина.

Отстапките направени од украинскиот претседател Виктор Јанукович пред опозицијата не се доволни за намалување на тензиите и ставање крај на политичката криза во земјата, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери. За време на средбата во Берлин со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, Кери изјави дека надворешни сили не смее да се мешаат во украинската криза, која треба да се реши од украинскиот народ. Јанукович ја прифати оставката на Владата и предложи амнестија на луѓето, уапсени за време на протестите во Киев.

На средбата меѓу Кери и Штајнмаер, меѓу другото, било разговарано и за американскиот шпионски скандал, што според Штајнмаер не треба да го уништи пријателството меѓу САД и Германија. Кери им советуваше на Германците да ја надминат лутината поради скандалот и се свртат кон иднината на меѓусебните односи.

„Ние сме партнери и покрај пречките на патот, и ќе најдеме начин за продолжиме да одиме напред“, изјави Кери на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Таа пак оцени дека разликите меѓу двете околу скандалот веројатно „нема да се надминат“, но додаде дека тоа не претставува закана за основата на американско-германските односи.