1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Отровот на лагите ја разболе Украина

В. Јушченко

В. Јушченко

За Виктор Јушченко и неговите приврзаници потврдата за напад со труење не е изненадување. На запад, имаше стремеж почетните информации околу труењето или да се третираат скептично или да му се припишуваат на политичкиот фолклор во земјата, каде и онака се‘ оди горе-долу. Но, во стварноста, ужасот околу болеста и лицето на кандидатот се само огледало на едно затруено општество, на една политичка култура, која не го заслужува своето име.

Масивните попречувања на изборната борба од страна на властите, судски потврденото фалсификување на изборите и сега потврдата за еден кукавички обид за убиство со ретка јасност покажуваат каков брутален режим изградил претседателот на заминување, Леонид Кучма и колку бескрупулозно тој режим се користи. Европејците требаше тоа да го согледаат! Во Европа со години е познато дека медиумите во Украина се изманипулирани и дека се убиваат новинари со наредба од најгорните функции во државата. Европејците знаат за неверојатните случувања, во, со грабеж приватизираните поранешни советски претпријатија, тие имаа можност да ја сфатат сериозно корупцијата во најголемата земја во Европа, која има речиси 50 милиони жители.

Наместо тоа, европските политичари се решија да го примат Кучма како сосема нормален државник и да му се додворуваат на неговиот поддржувач, Владимир Путин. Но, сметката на Путин не излезе како што треба. Напротив – Русија мора да си припише себеси дел од политичката клима во Украина, која го произведе нападот со труење. Омразата кон слободарски демократското, што Кучма и Кремљ ја делат, делува како отров. Продржавните медиуми во Русија и Украина веќе со недели навестуваат дека мирната опозиција, отелотворена во стотици илјади демонстранти на улиците на Киев, е поткупена од страна на ЦИА, а Јушченко е шпион.

Отровот на лагите и постсоветската пропаганда ја направија Украина исто толку болна како што диоксинот го разболе Јушченко.И, отровот делува и натаму. Луѓето во Москва и Киев опседнати со власт и натаму се плашат од слобода и самоопределба на народот. Очигледно, притоа не се стеснуваат да посегнат по секакви средства. Сепак, онака како што телото на Јушченко му даде отпор на нападот, и Украина ќе излезе на крај со со отровот проширен во политиката и општеството. Изопаченостите, односно ”отоците” на цивилното општество, за кои лицето на Јушченко исто така е симбол, ќе оздрават.

Но, тоа не оди само по себе и не оди од денеска за утре. Затоа, сега решавачки е, по кошмарот од неслободата на изборната борба, масивно фалсификуваните избори и доказите за напад, Украина да не се третира веќе како егзотична бела дамка на европскатта карта и таа да не се остави сама. Ако 50 милиони Украинци со неопходната помош на западот најдат пат до трајна демократија, тоа ќе биде најдобар пример за големиот сосед на исток.

Портокаловата, бојата на мирната револуција во Киев, одеднаш за Москва стана отров, отров за автократите од вчера. Нека дејствува.

Коментар на Horst Kläuser