1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Отровни играчки во ЕУ

Oдлуката на ЕУ да дозволи повисоко ниво на отрови во детските играчки предизвика жестоки реакции. Против новите правила се и државата и родителите. Случајот ќе оди пред Европскиот суд за правда.

Светот во детската соба е шарен и полн со авантури. Меѓутоа, хероите често се направени од пластика. Собата на Франц и Хелен е полна со такви играчки. Родителите едноставно не можат да им ги забранат играчките на децата.

„Сигурно околу 90 отсто од играчките се направени од пластика. Не го сакавме тоа, но се собираа, парче по парче. Никогаш не сакавме да купиме пластични играчки. Меѓутоа дедото и бабата секогаш наоѓаат нешто интересно, а се што може да се замисли на сон е од пластика“, вели Катрин Линднер, мајка на Франц и Хелен.

Многу играчки содржат и тешки метали во бојата или омекнувачи во пластиката. Експертите секогаш наоѓаат отровни мешавини во играчките. Со новата уредба на ЕУ ќе биде уште полошо. Пример е високо отровното олово чија употреба од сега ќе биде речиси двојно поголема од моментално дозволената. Листата со имиња на ризични материјали во играчките е долга. Сојузниот институт за проучување на ризикот протестираше и бараше од ЕУ да воведе минимални вредности за употреба на овие материјали.

„Во употреба се тешки метали како олово. Тие можат да предизвикаат канцерогени заболувања или да и наштетат на плодноста. Би сакале да останат старите правила, а не да ги воведуваме оние кои ги предлага ЕУ. Третата област се алргените материјали кои можат да предизвикаат алергии. Тие материјали се, на пример, никел или материјалите кои користат разни мириси. Во овој случај побаравме намалување на најниската граница на употреба која ја предложи Комисијата“, објаснува Андреас Луч од Сојузниот институт за проучување на ризици.

Кога станува збор за регулација на производството на играчки, некои подобрувања веќе се забележливи. Меѓутоа, за Германија тоа не е доволно. Поради тоа случајот продолжува пред Европскиот суд на правдата. Германија бара да се воведат најниски граници.

На родителите им е тешко да сфатат зошто се дозволува повисоко ниво на отровни материи во играчките. Фирмите за производство на играчки и порано успеваа да се придржуваат до строгите германски правила.

„Очекуваме дека играчките воопшто нема да содржат штетни материјали. Ме плаши најниската граница за употреба на такви материјали. Мислам дека не е во ред за производство на играчки да се користат арсен и олово“, вели Катрин Линднер.

Новите правила за употреба на материјалите за производство на играчки стапуваат во сила во јули. За германската тужба пред Европскиот суд на правдата ќе се расправа дури во 2014. година. Дотогаш на пазарот сосема легално ќе бидат во продажба играчки со штетни материјали. Од тоа речиси никој не може да се заштити.