1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Отрезнувачко признание

Владата на САД отвори истрага против концернот „БП“ поради нафтената катастрофа и соопшти дека постои опасност нафтата непречено да истекува до август. Концернот „БП“, пак, стартуваше нов обид за затворање на изворот.

default

Борба против нафтената дамка

Вниманието на Американците повторно е насочено на 1.500 метри морска длабочина, каде роботи, клешти и пили се обидуваат да ја отстранат хаварисаната цевка и дури потоа да спуштат капак над изворот. На капакот се наоѓа отвор, преку кој со помош на долга цека нафтата која истекува би се слевала во танкери. Ова теоретски е можно, но „БП“, во првиот обид да спушти капак не успеа. Поради ниските температури на дното на морето, на капакот се формираа ледени кристали. Сепак, менаџерот на „БП“, Боб Дадли е оптимист: „При првиот обид научивме многу. Сега со помош на врела вода и антифриз ќе се обидеме да го намалиме ризикот да се формираат ледени кристали.“

Kampf gegen Ölpest BP Livestream im Internet

„БП“ на морското дно има поставено различни капаци. Во случајот со едниот да не успее, концернот може веднаш да изврши проба со друг. Но, и овој обид со помош на капак да се сопре истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив е опасен. Имено, кога ќе се пресече оштетената цевка, во првиот момент ќе почне да истекува уште поголемо количество нафта, вели адмиралот Тед Ален, од крајбрежната служба. „Пред да биде спуштен капакот, може да истечат 20 проценти повеќе нафта.“

Опасноста и натаму постои

Од вчера (01.06.2010), Тед Ален самиот излегува пред новинарите, а не како досега со претстваник на „БП“. Со ова владата на Обама, уште појасно отколку досега, сака да се дистанцира од „БП“. Белата куќа сега ја застапува тезата, да не се будат веќе лажни надежи. Министерката за животна средина во администрацијата на Обама, Керол Броунер истакнува: „Се надеваме на најдоброто, но се подготвуваме на најлошото.“

Ölpest Golf von Mexiko

Еколошка катастрофа

Најлошото би било да пропадне и овој обид. „Да бидеме искрени: во тој случај би можело да се замисли дека ќе истекуваат дневно меѓу 1,9 и 3,6 милиони литри нафта и тоа се’ додека не завршат дупчењата со кои ќе се растовари изворот. Ситуација, која многу загрижува.“

Имено, ваквите дупчења би траеле до август, по што најверојатно би се запрел изворот. Тоа би значело најмалку уште 60 денови во кои милиони литри нафта би се излеале во Мексиканскиот залив.

Вакватата ситуација го става под притисток и претседателот Обама, кој вчера се закани дека одговорните ќе бидат изведени пред суд. Министерот за правда потоа најави дека започнал истрага за случајот, а „Бритиш петролеум“ одговори дека целосно ќе кооперира.

Автор: Ана Енгелке/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска