1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Отпор на Косово против Договорот

Србија и Косово дадоа согласност за предлогот на ЕУ за нормализација на меѓусебните односи. Меѓутоа, откако и во Србија беше прифатен договорот за нормализација, со Косово се формира широк отпор.

Српското малцинство на Косово и натаму го одбива договорот и сака да прогласи сопствена независност. Четирите српски општини во северно Косово сакаат на почетокот на идната недела да прогласат нeзависност и да свикаат сопствен парламент, најави пратеникот на Демократската партија на Србите Марко Јакшиќ во разговор за српската агенција Бета, јавува агенцијата ДПА. Како „Автономна провинција“ потоа би сакале да се приклучат кон татковината Србија.

Ова би бил одговорот на Договорот постигнат со посредство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, населено претежно со Албанци, вели Јакшиќ.

Јакшиќ истакна дека привремениот парламент не е паралелна институција, туку е во согласност со Уставот на Србија, и додаде дека ќе биде привремен до одржување на парламентарни избори на ниво на цело Косово.

Изминатиот викенд, во неделата српската влада во Белград конечно даде зелено светло за Спогодбата. Таа предвидува широка самоуправа за Србите, кои сепак мораат да се интегрираат во државата Косово. Но мнозинството го одбива ова.

Се' поголем отпор

Во главниот град на Косово, Приштина, вчера против договорот протестираше опозицоната парламентарна партија Самоопределување.

Автономија за српското малцинство на северот на Косово не би можело да биде одобрена, се изјасни третата по јачина политичка сила во земјата.

Претставници на косовските Срби уште изминатите денови најавија дека имаат намера да го бојкотираат спроведувањето на договорот и да не учествуваат на локалните избори планирани за во октомври.