1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Откупот на дворно место за некои е вистинска одисеја

Во подрачните единици на Министерството за финансии низ Македонија деновиве врие како во кошница. На 27 јануари привршува рокот што Владата им го даде на граѓаните за откуп на дворното место по цена од едно евро.

default

„ Предмет за откуп на земјиште имам предадено уште во 2003 година, кога беше страта повисока цена. Во 2007 годна ми ги изгубија документите и направив нови, значи наново елаборат, скици, имотен лист, но тогаш катартерот дал неточни податоци, па пак бев на почеток. Сега правам нов елаборат и повторно плаќам, а не сум ни на почеотк. Па вие сега кажете ми како да останам мирна“

Ова е револтираната исповед на една повозрасна жена, снимена пред вратите на подрачните единици на Министерството за финансии, и е само еден од илјадниците заплеткани случаи што се водат во постапката за откуп за дворни места.

Бирократски и процедурални замки

Сликата е секојдневна. Десетици граѓани упорно чекаат пред вратите за советниците на министерството да ги информираат до каде им се предметите за откуп на дворните места, или најчесто во што е проблемот со закочената постапка. Често пати има и кавги- што странките сами меѓу себе, што со претставниците на министерството.

Во Македонија никој не може да каже колку дворени места се дел од оваа акција на откуп, а Министерството за финансии посочува дека од 2005 година до сега се поднесени вкупно 98.000 барања, и дека најголемиот дел од нив се решени.

Има добар дел од граѓаните што се’ уште не ја ни почнале процедурата за откуп на земјиштето, но има и такви кои веќе неколку години имаат поднесено докумнети, а, сепак, не можат да дојдат до моментот на плаќање од некакви бирократски или процедурални замки.

Многу збунети граѓани

Mazedonien Land und Leute

Скопје

„ Барањето е поднесено во декември 2008 година Поднесовме се ама не знаевме дека има една формалност а тоа е усно да го инфорираме рефрентот дека навистина сакаме да го откупиме змејиштето,. Па ние дадовме 10,000 денари за геодетски извештај, што значи дека не е играрија“

„Јас во февруари ја поднесов документацијата и тогаш ми рекоа дека ќе ме побараат на телефон. Од тогаш ништо не ми јавиле“

„ Бев неколку пати, но ми велеа дека ќе ме викнат. Во меѓувреме извадив и имотен лист и сакав да го приложам, но ми рекоа дека не може тоа. Ако ме викнат по шест месеци, колку што важи имотниот лист, ќе мора да вадам нов“, се жалат овие граѓани на Скопје.

Трето продолжување на рокот за откуп?

Рокот за привршување на оваа владина акција завршува на 27 јануари, со што нервозата е уште поголема. Затоа што по овој датум граѓаните ќе треба на државата да и плаќаат економска кирија или да го откупуваат по комерцијална цена, што ќе биде многу повисока од сегашната- едно евро за метар квадратен.

Од овие причини либералдемократите деновиве излегоа со иницијатива рокот за откуп да се продолжи уште еднаш, сега за две години. Претходно самата влада го продолжуваше два пати.

Зоран Шапуриќ вели дека според сознанијата на ЛДП само 15 отсто од граѓаните што живат во куќи и едвај 10 отсто од оние што живеат во згради, го имаат откупено дворното место..Тоа значи, вели Шапуриќ, дека 70 до 80 отсто од граѓаните не се во можност да го приватизираат земјиштето, па затоа бараме да се пролонгира рокот за уште две години.

Владата овој пат не покажува интерес за продолжување на рокот.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Симе Недевски