1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Откриен радиоактивен отпад во Ламанш

Во каналот Ламанш меѓу Велика Британија и Франција е откриен радиоактивен атомски отпад. На дното на каналот лежат илјадници тони опасен материјал во ‘рѓосани буриња.

Според информациите на Меѓународната агенција за атомска енергија, ИАЕА, во периодот меѓу 1950 и 1963 година во длабоката морска бразда Хард Дип, североисточно од британскиот остров Олдерни, се потопени вкупно 17.244 тони слаб радиоактивен материја од Велика Британија и Белгија. Британските буриња, според наводите на Меѓународната агенција за атомска енергија, содржат 58 билиони бекерели (единица за радиоактивност,н.з), белгиските пак 2,4 билиони бекарели алфа, бета и гама зрачење. Граничната вредност која ја пропишува ЕУ за водата за пиење изнесува 10 бекерели на литар.