1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Откриен по 67 години

Осомничениот нацистички воен злосторник Ласло Чотари живеел среде Будимпешта. Како правосудството ќе постапува во случајот на Чотари, осомничен за депортација на илјадници Евреи, се‘ уште е неизвесно.

Screenshot der Zeitung The Sun *****NUR ZUR BERICHTERSTATTUNG ÜBER THE SUN ZU VERWENDEN!!!!*******

Screenshot The Sun Nazi Kriegsverbrecher Csatary

Ласло Чотари им ја отворил вратата на репортерите на британскиот булеварски весник „Сан“ облечен во поткошула и чорапи. Очигледно не очекувал посета во својот мал апартман среде Будимпешта.

„Одете си“, им рекол. Неговиот одговор на обвинувањето дека учествувал во злосторствата за време на нацистичкиот период, гласел: „За тоа не сакам да дискутирам, тоа не сум го сторил.“

Screenshot The Sun Nazi Kriegsverbrecher Csatary

Ласло Чотари не очекувал посета

Ласло Чотари има 97 години и телесно е во добра кондиција. На фотографиите е прикажан како носи кеси од купувањето низ турканиците на Бидумпешта, облечен во карирано палто, кошула и качкет.

Тој се наоѓа горе на листата на најбараните воени злосторници од времето на нацизмот. Центарот „Симон Визентал“ го товари за дела кои наводно ги извршил за време на Втората светска војна како командант на полицијата во Кошице. Таму наводно учествувал во депоратцијата на околу 15.000 Евреи во логорот Аушвиц. Се вели дека бил особено суров.

Чотари е откриен благодарение на долгогодишните истражувања на центарот „Симон Визентал“. Во рамки на акцијата „Последна шанса“ се прават обиди да им се застане на трагата на злосторниците нацисти кои се‘ уште се живи и тие да бидат изведени пред суд. Во случајот на Чотари информациите стигнале од лице кое ја дало информацијата за соодветна награда. Потпирајќи се на овие истражувања британските новинари потоа го нашле Чотари во Будимпешта.

Чотари по војната заминал за Канада и таму работел како трговец со уметнички дела. Во 1990-тите години неговото минато станало познато, тој го загубил канадското државјанство, ја напуштил земјата и исчезнал.

Неизвесност околу натамошните постапки

Flash-Galerie Ungarn EU-Präsidentschaft Land und Leute Budapest

Будимпешта - како ќе постапи обвинителството?

Како натаму ќе се одвива случајот е неизвесно. Центарот „Симон Визентал“ бара Чотари да биде изведен пред суд во Унгарија. На властите им се веќе дадени неопходните документи за тоа. Сепак, обвинителството во Будимпешта се‘ уште не се изјаснило за натамошните чекори и околу тоа дали навистина стреми кон судски процес или не.

Во кусо соопштение се вели само дека се проверуваат добиените информации и дека во тек е истрага. Во моментов дури не е познато ниту каде се наоѓа Чотари - дали е се‘ уште во неговиот стан или се подготвува да избега, или пак е официјално уапсен?