1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Откриен идентитетот на авторот на книгата за убиството на Бин Ладен

Американските медиуми го открија вистинското име на авторот на книгата за убиството на шефот на терористичката мрежа Ал Каеда, Бин Ладен, предизвикувајќи дебата околу неговата безбедност.

Фокс Њуз синоќа (24.08) објави дека зад псевдонимот на учесникот во акцијата во која беше убиен Бин Ладен на 02.05.2011. година во Пакистан се крие 36-годишен војник на американските специјални сили - Неви Силс. Тој потекнува од Аљаска. Телевизијата Фокс Њуз ги објави името и фотографиите на војникот на својата веб страница.

Пентагон изрази загриженост поради ова, го цитира Си-Ен-Ен американското министерство за одбрана. Откривањето на авторот кој објавува книга под псевдонимот Марк Оун, ја загрозува неговата и безбедноста на останатите војници кои учествуваа во операцијата на убивање на шефот на терористичката мрежа Ал Каеда, се вели од Пентагон. Фокс Њуз пак возвраќа - авторот самиот се довел себе си и своите другари во опасност со својата одлука, „тој мора да знаел во што се впушта и каде тоа води“.

Книгата на учесникот во акцијата на Неви Силс под наслов „Ни малку лесен ден: сведочење од прва рака за мисијата во која беше убиен Осама бин Ладен“ треба да се појави на пазарот на 11. септември 2013. година.